Мали работи кои ќе ви помогнат да бидете посреќни и поуспешни

Светот во суштина се раководи според многу едноставни правила, но ние луѓето потиснати од сите проблеми и очекувања кои општеството често ни ги наметнува сосема забораваме на овие правила.

Mali-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-bidete-posrekjni-i-pouspesni-01

Честопати гледате луѓе кои постојано се насмеани и сигурно помислувате дека нивниот живот е сосема совршен, без никакви проблеми и непријатности.

Не залажувајте се, сечиј живот содржи безброј проблеми, исто како и вашиот, тоа што тие луѓе се смеат е само одраз на нивниот оптимизам и волја за живот.

Тие луѓе научиле да се придржуваат до основните правила за посреќен и поуспешен живот и не дозволуваат проблемите да ги повлечат кон дното.

Тие заборавени правила се следните:

1. Избегнувате користење на негативни зборови

Престанете да си кажувате „Не можам“ или „Тоа е невозможно“. Ако се убедите дека нешто навистина е невозможно или не можете да го направите тогаш никогаш нема ни да се обидете, колку лесно и едноставно и да изгледа тоа.

2. Започнете го секој ден со позитивно очекување

Големата вистина за животот е дека тој во голема мера се заснова на очекувања. Затоа утре, кога ќе се разбудите кажете си „Нешто убаво ќе се случи денес!“ и погодете што? Најверојатно ќе бидете во право.

3. Дишете длабоко

Длабокото дишење е многу значајно бидејќи ве смирува, но уште позначајно е што на тој начин внесувате кислород во белите дробови и крвотокот, што му помага на вашиот мозок да работи многу поефективно.

4. Почесто сонувајте со отворени очи

Ослободете ги мислите и дозволете им да талкаат низ просторот, без никакви ограничувања и препреки. Тоа ќе ви даде можност да погледнете на работите од една сосема нова перспектива што на некој начин ќе ви помогне да бидете поконкурентни и полни со нови идеи.

5. Не трошете енергија на омраза

Омразата е емоционален паразит кој ги акумулира целата ваша позитивна енергија и здравје. Ако мислите дека нешто во светот не е праведно, а вие сте во можност да го смените, направете го тоа. А, ако не можете да направите ништо или простете или заборавете, само така ќе можете да продолжите напред.

6. Пијте многу вода

Водата, слично како и воздухот, му е потребна на вашето тело за тоа да може што подобро да функционира. Многумина од нас мислат дека соковите се многу подобар избор од водата заради витамините кои ги содржат, но вистината е дека ниту една течност не може да ја замени водата во процесите кои се одвиваат во телото. Затоа почнете го денот со чаша вода и погрижете се денот да не ви помине без најмалку 2 литри вода.

7. Ако нешто ве плаши, на вистинскиот пат сте

Успешноста значи преземање ризици, а ризиците се причина за страв. Но, наместо да дозволите стравот да биде тој кој ќе ве спречи во исполнувањето на вашите соништа, искористете го како сигнал дека се наоѓате на вистинскиот пат.

8. Запаметете дека ништо не трае засекогаш

Универзумот никогаш не запира, тој е во постојано движење, а вие сте само една мала честичка во него која не е имуна на ова движење. Затоа запаметете кога сте среќни смејте се најсилно, а кога сте тажни кренете ја цврсто главата и издржете, кругот повторно ќе се заврти.

9. Престанете да се споредувате со другите

Дури ни еднојајчените близнаци не се целосно идентични и имаат свои разлики. Ниту еден човек на планетава не е како вас, и токму тоа е најубавото. Не го трошете времето на празни споредби кои нема да ве одведат никаде, туку славете ја различноста бидејќи таа ве прави посебни за они кои ве сакаат.

10. Читајте

Секогаш кога ќе се почувствувате тажно и изморено од борбата со животот земете ја омилената книга и прочитајте го најубавиот дел, токму тој заради кој таа е ваша омилена книга. За кратко време ќе се потсетите колку вредите и ќе бидете спремни да му го покажете тоа на светот. 

И на крајот: Сакајте безусловно.

Луѓе, места, моменти, сè она кое ве прави среќни. Само безусловната љубов е вистинското чувство кое го ослободува телото од сите стеги на општеството и му дозволува да го најде вистинскиот внатрешен мир.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ликовите и приказните се инспирирани од реалноста: Како серијата „Маша и Медо“ го освои светот? „Идејата за серијата произлезе од тоа што сакавме да го прикажеме односот помеѓу...
7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...
Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...
Како би изгледале актерките од златната ера на Холивуд со денешните стандарди за убавина? Од Елизабет Тејлор до Мерилин Монро и Грејс Кели - можете ли да замислите како б...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg