Четкајте ги забите со обратната рака: Чудни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

Многумина веруваат дека интелигенцијата не може да се промени, но постојат ментални вежби кои можат дополнително да ја зголемат интелигенцијата. Овие ментални вежби ги вклучуваат сите 5 сетила: вид, звук, вкус, допир и мирис.

cetkajte-gi-zabite-so-obratnata-raka-10-cudni-mentalni-vezbi-koi-kje-ve-napravat-popametni-01.jpg

Редовното „вежбање“ го стимулира растот на нервните поврзувања во мозокот и ве прави уште попаметни.

Неколку едноставни вежби кои ако ги правите секое утро ќе ве направат поинтелигентни:

1. Четкајте ги забите со обратната рака

Ако сте деснак, започнете да ја употребувате левата рака и обратно. Така ја користите онаа хемисфера од мозокот која не ви е доминантна и предизвикувате брзо развивање на тој дел од мозокот.


2. Туширајте се со затворени очи

Допирот активира различни делови од вашиот мозок благодарение на нервните завршетоци кои се наоѓаат во вашите раце. Затоа, обидете се да се туширате без да гледате, туку само со употреба на вашите очи. Влезете во кадата, затворете ги очите и така туширајте се рано наутро.


3. Предметите во домот свртете ги наопаку

Кога гледате во предметите ако се поставени на правилниот начин, тогаш делот од вашиот мозок кој ги обработува вербалните информации работи автоматски и брзо. Ако не се во својата нормална состојба, тогаш овој дел од мозокот дополнително го активирате. Затоа, ѕидниот часовник, семејните фотографии... поставете ги обратно.


4. Излезете од секојдневната рутина

Мешајте ги задачите кои секојдневно ги извршувате така, дополнително го активирате мозокот. На пример, облечете се пред да појадувате, одберете ново место за шетање на кучето...


5. Сменете ги местата каде седите

Ако членовите во семејството си имаат свое место за седење на трпезаријата, тогаш време е да ги промените местата. Вашиот мозок сака изненадувања.


6. Вдишувајте нови ароми

Веројатно не се ни сеќавате како сте научиле да го поврзувате мирисот на кафе со самиот пијалак, затоа важно е да откривате нови мириси и истите да ги поврзувате со нови пијалаци и оброци.


7. Отворете го прозорецот на вашиот автомобил

Хипокампусот е регион од мозокот кој е одговорен за формирање на меморијата и чување на сеќавањата. Вашите сеќавања ќе бидат многу појасни ако вклучуваат мириси, звуци и нови погледи.


8. Проучувајте ги производите во супермаркетот

Во супермаркетите, производите кои остваруваат најголем профит се во вашето видно поле току затоа, кога пазарите не гледате многу нови работи. Следен пат, обидете се да погледнете што има на најдолните и најгорните полици, прочитајте ги состојките... така излегувате од рутината и го развивате вашиот мозок.


9. Комуницирајте повеќе во текот на денот

Научните истражувања потврдуваат дека комуникацијата значително ги подобрува когнитивните способности. Наместо да нарачате храна преку интернет, излезете до најблискиот ресторан и разговарајте со келнер. Наместо да ги игнорирате колегите, на пауза разговарајте со нив...


10. Читајте на глас

Кога читате на глас, ги слушате другите луѓе или читате во себе, активирате различни делови од мозокот. Затоа, следен пат, можете да му предложите на партнерот да си читате еден на друг.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Иронијата во нашето секојдневие, низ илустрации што ќе ве натераат да размислувате Даваме пари за креветче за мачка, за на крај таа да си легне на сосема друго мес...
Потресни илустрации што ги отсликуваат проблемите во светот Инспириран од општествените проблеми и светските трагедии, илустраторот Даниел Г...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Му дала 4 милијарди долари, му го препишала богатството: Како фотограф ја измамил наследничката на L... Познат фотограф успеал да извлече огромна сума пари од најбогата жена на светот&...
Четири карактерни особини кои мажите прво ги забележуваат кај жените Со искрена насмевка и љубезност ќе го освоите секој маж. Освен физичкиот изглед,...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни) Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg