Оживејте ја дамата во вас: 5 совети како повторно да се чувствувате како жена

За жал, малите девојчиња денес растат со мислата дека треба сѐ  сами да направат, дека треба да бидат целосно независни, да немаат потреба од никој, да се однесуваат исто како мажите за да добијат почит, а сето она што е помалку од тоа прави да изгледаат како да се послаби од посилниот пол, а во некои случаи и послаби од некои жени.

ozivejte-ja-damata-vo-vas-5-soveti-kako-povtorno-da-se-cuvstvuvate-kako-zena-01.jpg

Да се разбереме – тоа се глупости. Нема ништо погрешно ако се однесувате како дама. Всушност, тоа ќе ве одвои од останатите. Тоа ве прави уникатни, а уникатноста е најважна во денешниот свет.

Ако сакате повторно да се чувствувате како дама, тогаш почнете да ги применувате овие совети:

1. Дозволете му да ви ја отвори вратата

Тоа не значи дека не можете сами да го направите тоа, туку тоа е само знак на почит. За жал, во денешно време мажите се толку збунети што не знаат дали треба да им отвораат врати на жените, особено на првиот состанок.

Тие не сакаат да ве навредат, туку сакаат да ви покажат почит, секако ако сте со вистински маж. Голем број жени ги убедија мажите дека на модерната жена не треба да ѝ се отвора врата и дека тоа ѝ е навредливо. Тоа е знак дека тој мисли дека таа е беспомошна и не може ништо сама да направи.

Ако сте една жените кои вака размислуваат, тогаш мора веднаш да престанете да мислите вака. Го учите дека не ви е потребна неговата почит, а потоа и дека тој не ви е потребен. Кога мажот не се чувствува потребен, нема ништо што ќе го задржи покрај вас.


2. Задржете го имиџот

Да се биде дама не значи само да внимавате што (како) зборувате. Тоа исто така го рефлектира начинот како се прикажувате. Социјалните медиуми играат огромна улога како нѐ гледа светот и уште поважно, како се гледаме себеси.

Нема ништо лошо ако излегувате со пријателите и поставите по некоја фотка на Инстаграм, Фејсбук или било која друга социјална мрежа. Но, не мора да го правите тоа секој викенд. Да бидеме искрени – сите го правиме тоа. Млади сме, во ред е. Треба да се забавуваме.

Но, кога имате фотографии од себеси на интернет како сте застанати во некоја провокативна поза и луѓето почнат да ви лепат етикети, тогаш имате голем проблем. Не само што ќе привлечете непожелно друштво, туку вашите одлуки веднаш ќе омлитават. На крајот од денот, сакате да бидете околу луѓе кои ги истакнуваат вашите најубави квалитети.


3. Бидете љубезни

Глумењето дека сте силни е всушност првиот знак дека сте многу нежни длабоко во себе. Да се биде нежен не значи дека сте слаби. Всушност, оние кои имаат нежни срца се всушност најсилните личности. Кога подобро ќе размислите, во денешно време навистина е тешко да се биде нежен и љубезен.

Одличен пример е принцезата Дијана – таа била неверојатно љубезна кон бездомниците и болните – индивидуалците кои се најмногу занемарени во денешниот капитализам и хиперпродукција. Потребна е голема храброст, а луѓето ја ценеа нејзината љубезност и храброст. Тоа ја направи икона на грациозност и уникатност – вистинска дама.


4. Потрудете се околу изгледот

Сите знаат дека да се биде дама значи дека треба да вложите труд во изгледот. Добриот изглед не подразбира еден тон шминка и скапа облека. Да се биде дама значи да се грижите за себеси. Да се потрудите дека облеката добро одговара и косата изгледа добро. Додадете малку накит и облеката нека го рефлектира вашиот карактер. Изгледајте претставително. Ако изгледате добро – тогаш ќе се чувствувате добро.


5. Почитувајте се себеси

Оваа точка е најважна од сите претходни. Како може да ги почитувате другите ако не се почитувате себеси? Ова се поврзува со стандардите кои си ги поставувате и луѓето со кои одлучувате да го поминете вашето време. Никогаш не се задоволувајте со помалку од она што го заслужувате. Сигурни сме дека често го слушате ова, но тоа е вистината. Почитувајте се себеси за да го сакате само она што е најдобро за вас.

Кога имате висок стандард (цели), луѓето веднаш ќе забележат. Вистинските луѓе ќе останат во вашиот живот, а погрешните ќе си заминат. Ова е начин како да ја олесните елиминацијата. Дозволете си да бидете третирани како дама, а ако некој ве третира како нешто помалку од тоа, имате целосно право да престанете да се социјализирате со нив.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што никако не смеете да ги правите во Северна Кореја како турист (бидејќи ќе завршите во затв... Ако покажете непочитување на владејачкото семејство или се осмелите да гледате з...
5 знаци дека некој ви се восхитува (а не се толку очигледни) Размислете малку наназад: Дали некогаш сте забележале некој потсвесно да ги зема...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
Тротинети на аеродром, посебни панталони за хигиенски навики кај деца – Работи што ги има во светот,... Дали знаете дека во Холандија можете да си купите домашно млеко од „млекомат“? А...
Идеја vs. реализација: Смешни (и тажни) градежни утки Згради кои изгледаат футуристички и луксузно во проекциите на архитектите, но во...
Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура Покрај мистичната сфинга во Гиза и статуата на Венера, односно Афродита, во Лувр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg