Откријте го вкусот на среќата: 9 работи кои ќе ви ги активираат ендорфините

Одвреме-навреме сите имаме тешки денови, но постојат работи со кои може да се справите со лошото расположение.

odnovo-otkrijte-go-vkusot-na-srekjata-9-raboti-koi-kje-gi-aktiviraat-endorfinite-01.jpg

Многу луѓе не ги знаат овие едноставни начини како да го измамите вашиот мозок и да се натерате да бидете среќни.

Вашиот мозок е најмоќниот лек кога станува збор за постојана несреќност. Не ви е потребна медитација и дефинитивно не ви е потребно ништо друго освен мозокот.

Еве како можете одново да ја откриете среќата:

1. Насмевнете се

Вашиот мозок го рефлектира она што го прави вашето тело, па затоа иако сте пред плачење, сѐ што треба да направите е да се насмевнете. Сепак, ова не е рецепт за инстантна среќа. За да го постигнете ефектот, мора да се смеете подолго време. Без разлика колку вештачки се чувствувате, ако сакате да постигнете состојба на среќа, тогаш треба да продолжите да се смеете, иако би сакале да заплакате.


2. Вежбајте

При вежбање, телото ослободува ендорфини кои најчесто функционираат како поткревање на расположението. Не само што ќе се чувствувате подобро и посреќно, туку и телото ќе ви изгледа подобро.


3. Ослободете се од негативните луѓе

Вашите пријатели и луѓето околу вас многу влијаат на вашето расположение. Кога сте околу негативни луѓе или воопшто луѓе кои ве онерасположуваат и вие почнувате да се чувствувате така. Ослободете се од овие луѓе и оставете простор за луѓето кои ви го разубавуваат животот.


4. Направете нешто забавно

Сигурно има нешто што ве прави среќни без разлика како сте расположени. Направете го тоа. Кога уживате во нешто искрено, мозокот ослободува еднорфини (да, исто како да вежбате) и тоа ве расположува.

Ако не ви текнува на ништо такво, пробајте ново хоби кои отсекогаш сакавте да го пробате. Тоа ќе ви помогне да се фокусирате на нешто ново, ако ништо друго барем нема да мислите негативно.


5. Пуштете музика

Научно е докажано дека слушањето весела музика го подобрува расположението. Брзиот ритам и забавните стихови се доволни за да го усреќат мозокот. Ако сакате да се чувствувате уште подобро, запејте! Пеењето, исто како и вежбањето ослободува ендорфини. Затоа, фатете ја четката за коса и направете сопствен концерт.


6. Помогнете им на другите

Љубезен гест има моќ да им помогне на оние на коишто најмногу им треба, но тоа ќе направи да се чувствувате подобро. За да ја контролирате сопствената среќа убаво е да ги усреќувате луѓето околу вас.


7. Јадете нешто вкусно, но здраво

Верувале или не, нездравата храна може да влијае на расположението и тоа многу повеќе отколку што мислите. Ако навистина сакате да бидете среќни, јадете нешто што освен што е вкусно, истото е полно со хранливи состојки. Здравиот оброк секогаш ќе прави да се чувствувате поубаво.


8. Гледајте среќен филм

И вие сте автоматски посреќни кога гледате среќни луѓе. Не можете а да не се насмеете кога ќе видите среќа на ТВ екраните. Иако не е реално и станува збор за глума, сепак е заразно.


9. Вежбајте среќа

Звучи чудно, но како и се останато, со вежба до совршенство. Всушност, докажано е колку размислувате на таков начин, толку повеќе и толку побрзо мозокот започнува да размислува така. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители споделуваат морничави работи што ги кажале и направиле нивните деца „Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневна...
Животни лекции кои некои луѓе (за жал) ги учат премногу доцна во животот Не можете да контролирате сè и колку побргу го сфатите тоа, толку посреќни ќе би...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Улични продавачи, џиновски стаорци – Сликите од Њујорк што ретко се објавуваат во јавност Улични продавачи, џиновски стаорци, вреќи со ѓубре на тротоарите... Фотки што по...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg