Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто се вљубуваме во измислени ликови?

Трагедијата поврзана со фиктивните ликови во кои секој некогаш во животот бил вљубен е тоа што тие всушност не постојат во реалниот живот. Што може да биде повеќе поразително од овој факт?

Fiktivnite-ljubovnici-go-oznacuvaat-patot-kon-vasite-realni-fantazii

Но, што ако постои начин истите да се запознаат во реалниот живот?

Вљубување во фиктивните ликови е сосема нормална реакција. За некои луѓе се работи за прва љубов и првите романтични чувства кои ги развиваат. Без разлика дали сте машко или женско, веројатно сте ги имале своите први вљубувања во одредени ликови од книги, филмови или серии, пред да наполните десет години, а денес, најверојатно ги имате и премногу.

Ова не е лоша работа, секако. Понекогаш не можеме да си помогнеме да не бидеме импресионирани од неверојатните луѓе кои не постојат во реалниот живот.

Овие ликови можеби се надвор од нашиот дофат, но писателите и уметниците кои ги создале веројатно ги создале врз основа на одредени личности од нивниот живот или комбинација од неколку вистински луѓе.

Значи, колку и да звучи лудо оваа идеја, истата не е и невозможна.

Но, зошто се вљубуваме во измислени ликови?

Иако за многумина ова е само минлива фаза, постојат и луѓе кои целосно се вљубени во своите фиктивни херои.

Најосновната причина зошто се вљубуваме во измислените ликови е тоа што тие се отелотворување на нашиот идеален партнер.

Фиктивните ликови ги претставуваат нашите желби и потреби од вистинскиот живот. Ве привлекува надворешниот изглед, карактерот, парите, моќта, статусот... Било која од овие карактеристики кои ве привлекуваат ќе ви го дадат одговорот на тоа кои се вашите желби.

Тие се романтични и имаат способност да ги поттикнат вашите романтични граници. Било да се негативци или не, тие можат да ве однесат во магични, незамисливи места.

Но, како да ги пронајдете во реалниот живот?

Ако навистина сакате да ја пронајдете личноста која е запознаена со вашиот универзум, обидете се да ги пронајдете во локалните кафулиња, преку интернет или на концерти на вашите омилени артисти.

Сепак, додека не го пронајдете вистинскиот партнер во ред е да сонувате за романтичните фиктивни ликови. Понекогаш вашите измислени ликови можат да ви кажат повеќе за вашите романтични фантазии и желби.

Кој е вашиот омилен измислен лик и што мислите што тој претставува?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки за утеха: Луѓе кои имаат полоши колеги од вашите Колеги кои со автомобилот зафаќаат две паркинг места и колеги кои чекаат некој д...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
10 идеи за божиќни подароци од Sinsay до 600 денари Меки домашни папучи, декоративен послужавник, чорапи со празнични мотиви… Мек...
Фрази кои несреќните луѓе несвесно си ги повторуваат „Ништо не ми оди по план, никогаш нема да бидам доволно добар/а“. „Ништо не м...
„Што порачав, а што добив“: Разочарувачки и смешни фото-споредби од онлајн шопинг „Го предупредив другар ми дека не треба да нарачува од секаде. Се надевам дека с...
12 работи за кои (никогаш) нема да зажалите што сте ги направиле во животот Пристигнување на време – Точноста е рефлексија на одговорен човек, кој ги почиту...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg