Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Создавајте моменти: Работи кои треба да се најдат на вашата to-do листа за празниците

Го зедовме периодот на празниците и го направивме најстресното време кога луѓето ги бараат најдобрите подароци наместо да се фокусираат на вистинската смисла на подароците.

sozdavajte-momenti-raboti-koi-treba-da-se-najdat-na-vashata-to-do-lista-za-praznicite-01.jpg

Ова се работите кои навистина се важни да ги направите за време на новогодишните празници:

1. Создавајте моменти

Наместо да се фокусирате на најдобрите зделки за новогодишен подарок, обрнете внимание да поминете што е можно повеќе време со луѓето кои ги сакате. Празниците вообичаено се матно сеќавање затоа што наметнуваме премногу обврски, а тоа не смее да биде така. Создадете прекрасни моменти кои долго ќе ги паметите затоа што таа е намената на празниците.


2. Прегрнете некого

Освен што трошиме скапоцено време на купување подароци, двојно повеќе време поминува во нивно завиткување. Наместо да се трудите подарокот да изгледа совршен, покажете дека се грижите за луѓето околу вас така што топло ќе ги прегрнете. На крајот, искрена прегратка и сознанието дека се сакани значи многу повеќе од кој било материјален подарок.


3. Ширете мир

Откако ќе го купите подарокот и ќе го завиткате, следи испраќањето. А за тоа е потребно многу време - кое може да биде поминато со луѓето кои ви значат. Наместо да се фокусирате на испраќање на подарокот, обратете внимание на испраќање мир. Со сите ужасни нешта кои се случија во светот, сите треба да бидеме потсетени дека сѐ уште постои добро во светот.


4. Донирајте храна

Празниците се познат период каде уживаме во „забранета“ храна која ја има во навистина големи количини. Трудот кој се вложува во правењето на сета таа храна треба да биде ценет, а да се има храна на масата е уште поважно.

Помнејќи го ова, постојат многу луѓе кои се гладни за време на ова време. Постојат луѓе кои со маки успеваат да достигнат барем половина од она што го има на една просечна празнична трпеза. Наместо да ги јадете остатоците, дајте на некој кому навистина му се потребни. Сите заслужуваме среќни празници.


5. Водете љубов

Не само сексуално. Всушност, може и сексуално зошто да не. Ова е романтичен период, но тоа не значи дека ако сте сингл дека целата празнична сезона ќе ви биде уништена. Вашиот љубовен статус не диктира колку среќни ќе бидете. Ова е магично време. Постојат толку многу луѓе во вашиот живот кои заслужуваат да знаат дека ги сакате. Затоа е добро да им го кажете тоа и да го искажете најдобро што можете.

С.С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите) Семејството што го поседува брендот Chanel има богатство од околу 95 милијарди д...
18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...
Некогаш згодни фраери, денес проќелавени и збрчкани: Како стареат најпопуларните европски актери? Од Колин Фарел, преку Роуан Аткинсон, до Колин Фирт - како изгледаа популарните ...
Скопје, Варшава: Новогодишните елки блескаат низ градовите во светот Низ поголемиот дел од градовите во Македонија блеснаа новогодишни елки на плошта...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg