Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вистини и лаги за стареењето

vistini-i-lagi-za-stareenjeto-povekjeСтареењето е процес кој најчесто не плаши. Постојат стеротипи за кои науката потврдила дека навистина не се поврзани со стареењето. Да...

 

...тоа е нормален процес со кој мораме сите да се помириме, но убаво е да знаете неколку факти кои можеби ве измачуваат кога е во прашање вашето тело и стареењето.

1. Колку сте послаби толку подолго ќе живеете.
Баш напротив. Едно американско истражување покажало дека по 75-тата година неколку килограми плус можат да бидат добри за вашето здравје.

vistini-i-lagi-za-stareenjeto

Студијата која траела 5 години, покажала дека сите луѓе со повисок индекс на телесна маса се поздрави од оние кои имале индекс н нормално ниво.

Поголемата количина на масти е извор на енергија кога телото се бори со болестите кои се чести кај постарите луѓе.

Сепак кога сме помлади треба да внимаваме на висината на мастите.

2. Стареење = сенилност
Според статистичките податоци 5 до 10% од европјаните постари од 60 години патат од губење на помнењето.

Поголем број од луѓето имаат поблаги прблеми со памтењето. Доволно внесување на витамини и минерали ја подобува меморијата.

3. Кога ќе остарите ќе станете неподносливи.
Човековата личност се менува по 30-тата година, но не премногу. Ако сте оптимисти и позитивни и во 40-тата нема зошто да не бидете такви и по 70-тата година. Сепак ова важи само за оние кои немаат големи проблеми со здравјето.

4. Губењето на забите е неизбежна последица на стареењето.
Денес забите паѓаат значително помалку отколку во минатото. На забната хигиена мора да внимавате кога сте млади. Доволна е една забна четкичка која поради насобраните бактерии треба да ја промените секои 2 до 3 недели, а добро е и повремено да ги исчистите забите со конец.

5. Сите стари луѓе спијат лошо.
Лошиот сон кај старите е релативна рабта. Квалитетот на сонот од 60-тата година па натаму не се менува значително. Проблемите со спиењето не доаѓаат со стареењето туку како резултат на болестите и лековите. Погрижете се да водите здрав живот кога сте млади.

Би можело да ве интересира:

Фрази кои несреќните луѓе несвесно си ги повторуваат „Ништо не ми оди по план, никогаш нема да бидам доволно добар/а“. „Ништо не м...
Заминете си среде разговор: „Себични“ совети што ќе ви помогнат да го зачувате вашиот мир Ако при разговор, некоја личност продолжува да прави да се чувствувате непријатн...
8 работи по кои сите „лудувавме“ пред 10 години (а веќе ги заборавивме) Сите околу нас имаа селфи стик, девојките си фарбаа прамени во розова боја, попу...
Лак за нокти, фен за коса – Како изгледале секојдневните предмети во минатото? (фото) Сте виделе ли како изгледа фен за коса од пред 100 години? А, знаете ли какви вл...
10 идеи за божиќни подароци од Sinsay до 600 денари Меки домашни папучи, декоративен послужавник, чорапи со празнични мотиви… Мек...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg