Работи на кои треба да им кажете збогум додека ѝ кажувате збогум на старата година
Новата година претставува нов почеток, нова приказна која треба да ја напишете исполнета со многу надеж и очекувања. Но, голем дел од луѓето забораваат дека за целата таа надеж да го најде патот до вас треба да ги преземете работите во свои раце и да се ослободите од сето она кое ве влече надолу и прави да се чувствувате тажни.
Новата година ја има таа посебна магија да ви помогне да станете подобри личности кои знаат колку многу вредат и не постои ништо кое ќе им ја одземе вербата во себеси.
Затоа уште од првото утро кога ќе се разбудите ветете си себеси дека ќе има кажете збогум на следните работи:
1. Гласовите во вашата глава кои постојано ви велат дека сте неспособни да направите нешто или да бидете личноста која сакате да бидете
Тие се големи лажливци и вие заслужувате да го знаете тоа.
2. Потребата за потврдување
На сите нас ни е потребно потврдување одвреме-навреме, но немате никаква потреба постојано да бидете оптоварени со тоа. Само погледнете се себеси и патот кој сте го поминале и веднаш ќе сфатите дека не ви е потребна ничија потврда.
3. Моментите на кои не се гордеете
Едноставно заборавете на нив и сетете се дека вие сте само човечко суштество кое пред себе има цел еден живот да научи како се живее.
4. Ветувањата кои не ги исполнивте
Само сетете се за сè е потребно време, за големите работи уште повеќе.
5. Сомнежот во себеси и негативностите кои минатата година ги донесе
Можеби ова не е среќниот крај кој го очекувавте, но сепак може да биде среќен почеток кој воопшто не сте го забележале.
6. Времето кога плачевте и чувствувате болка
Сега само погледнете наназад и сетете се колку сте силни.
7. Луѓето кои не ве заслужуваат
Тие луѓе едноставно нема никаква причина да ги задржувате во вашиот живот. Порано или подоцна нив ќе ги снема па затоа помогнете им да си заминат што побрзо.
8. Сеќавањата кои постојано ги премотувате во вашата глава
Независно дали се добри или лоши, ако се случува да се разбудите доцна во ноќта и да мислите дали тоа ќе ви се случи повторно време е да ги оставите зад вас. Толку пати ги премотавте, размисливте, прегледавте, сега веќе е време да ги избришете и да отворите простор за нови.
9. Зависноста од вашиот телефон, лаптоп или социјалните медиуми
Поминувајте многу повеќе време во природа и со луѓето кои ви се драги и имајте на ум дека кога нешто го имате во преголема количина на крајот ќе чувствувате дека истото ве гуши и не ви дозволува да живеете нормално.
10. Очекувањата кои ги имавте за себе
Можеби очекувавте дека ќе имате успешна кариера, брак, деца... не грижете се ако верувате во себеси тоа еден ден сигурно ќе се исполни, едноставно се уште не дошло вистинското време.
11. Сите работи кои ги слушнавте од другите за вас и направија да се се почувствувате невредни
Помислете само колку малку овие луѓе знаат за вас и за работите кои ве направиле такви какви што сте. Сетете се дека некои луѓе имаат потреба да ги омаловажуваат другите само за тие да се чувствуваат добро во врска со себеси. Заборавајќи на работите заборавете и на луѓето, тие и онака не се грижат за вас.
12. Времето кога ви недостасуваше некој кој за вас никогаш не го почувствувал тоа
На крајот ќе сфатите дека тие луѓе се само дел од минатото заради кое еден ден ќе бидете благодарни, зошто да не биле тие немало да знаете да ги цените луѓето на кои вие вистински сте им недостасувале.
13. Градот кој не го посетивте, патувањето кое не го реализиравте, свадбата на која не отидовте или можностите кои ги пропуштивте
Работите не одат секогаш според планираното и не морате да се грижите или да се чувствувате виновни заради тоа. Дозволете тоа да ви биде само потсетник дека не секогаш можете да имате контрола врз сè.
14. Сите моменти во кои си префрлате за недостатоците и моментите во кои не ви се допаѓа ликот кој го гледате во огледалото
Купете си ново огледало ако мислите дека треба, но она што е поважно е да почнете да го засакувате тоа што го гледате и да го промените начинот на кој гледате на себе.
15. И на крајот кажете збогум на сите мисли дека следната година ќе биде иста како претходната
Затворете ја вратата на мислите дека ништо нема да се смени и отворете им ја вратата на сите нови можности, предизвици, соништа кои чекаат да стигнат до вас.
М. С. | Црнобело