Зошто решив да не се запишам на факултет?
После матура веќе сите размислуваат за запишување на факултет. Со запишувањето се верува дека го одредуваме патот на својата кариера и начинот на кој професионално би се реализирале.
Речиси секој втор средношколец после матура се запишува на некој од Универзитетите, некои се запишуваат на приватни, некои на државни, а некои ги одбираат факултетите надвор од нашата држава.
Кога ме прашаа непосредно пред матурата, на кој факултет ќе се запишам им одговорив: „Не планирам да се запишам!“.
И после тоа следеа лица на неверување, збунети погледи и едно: „Зошто, ама како“?
А, јас бев уште позбунета од нивната реакција, за момент помислив грев ли е да не се запишам на факултет? Можеби сè уште не знам што би сакала да правам и постигнам во животот, можеби сакам да се преселам, можеби сакам да паузирам, па да се запишам подоцна на факултет, можеби сакам да учам некаков занает или да се запишам на курс.
Тоа никој не го знае, а сепак осудува зошто некој не завршил факултет. И преку глава ми е од тоа дека факултетот е како средно, за неколку години нема ништо да значи, па барем тоа да го имаме...па можеби и токму тоа ме одврати од таа идеја своето образование да го продолжам.
И уште нешто многу важно, не сум помалку од другите ако не се запишав на факултет, а не сум ни нешто помалку вредна и паметна од другите.
Можеби имам идеја парите што би ги вложила во факултет да ги вложам во свој приватен бизнис, па потоа да се дообразувам.
Како и да е, не е ништо страшно доколку решам да прекинам со образованието. Секој одговара за себе и своите одлуки, така и јас за својата. Секоја чест на тие што се запишале, а јас малку ќе размислам...
Н. Т. | Црнобело