Избришете ги лошите спомени
Конечно научниците најдоа начин како да ги избришеме нашите најболни спомени. Кога ќе ни се случи нешто лошо, ако за кратко време си ја повториме...
... во себе случката, истата можеме сами да си ја преуредиме со подобро сценарио.
Се смета дека ова откритие може еден ден да се искористи на војници кои се борат на страшните бојни полиња. Направен е експеримент каде на група од волонтери им биле давани благи електрични шокови додека гледале во слика на една шарена коцка. Следниот ден биле изложени на истото со тоа што прво биле изложени на благите електрични шокови па потоа ја набљудувале сликата.
Додека пак, на третиот ден на волонтерите им била покажана само сликата без да бидат изложени на електрични шокови. За сето ова време постојано бил мерен нивниот страв и нивото на возбуденост, како што поминувале деновите стравот на волонтерите исчезнувал.
Со покажувањето само на сликата на волонтерите, без да бидат изложени на електричните шокови во рок од 10 минути по второто покажување на сликата се чинело дека одговорот на нивниот мозокот се пренасочил.
Научниците ја објаснуваат оваа појава на овој начин: за време на животната меморија на човекот постојат можности кога истата може да биде перманентно променета.
На истата тема се правени и експерименти на животни каде резултатите биле многу слични. Во основа, животните можат да ги ажурираат и променат информациите во нивната меморија за многу краток период. Точното време за оваа способност сеуште точно не се знае, но се претпоставува дека е помалку од 6 часа.
Научниците потенцираат дека времето има најголема улога во контролата на претходно доживеаниот страв. 'Нашата меморија го рефлектира последното пребарување на настанот а не самото оригинално случување на настанот. Со проучувањето на нашата динамична меморија ние можеме, на долг рок да најдеме начин да се лекуваме на абнормални емоционални сеќавања', велат тие.
Меѓутоа научниците сеуште не се сигурни како оваа теорија да ја применат во пракса. На почетокот на оваа година, Холандските научници докажаа дека одредени бета дроги, можат да влијаат на меморијата. Други научници имаа успех со анестетски гасови.
Како и да е, способноста за бришење на човековата меморија е тема која е присутна со децении и постојано ќе биде изложувана на сестрани критики.