Лекции за пријателството кои ги научивме од Џои и Чендлер
Улогите во кои глумеа Метју Лебланк и Метју Пери, Џои и Чендлер во една од најгледаните култни комедии „Пријатели“ во буквална смисла на зборот покажуваат што значи да се биде пријател.
Нивните постапки не научија на мали вредности кои не прават подобри пријатели кои секој ги опсакува во било каква ситуација.
Ова се неколку работи што можете да ги научите од Џои и Чендлер:
1. Направете сè што е во ваша можност за да му помогнете на најблискиот пријател
Се сеќавате на моментот кога Моника беше допрена од медуза и се врткаше наоколу во агонија? Кој направи сè што е можно за да и помогне? Џои и Чендлер. Без разлика на тоа какви се околностите, обидувајте се да направите сè што е можно за да им помогнете на пријателите, дури и во оние најсрамните ситуации.
2. Направете вашите пријатели да се смеат
Без разлика на тоа дали станува збор за бркање на бебиња или правење на длабоки филозофски разговори во кану или парадирање со мисирка на глава, Џои и Чендлер секогаш ставаат насмевка на лицата на оние кои се околу нив. Нема ништо подобро од тоа да бидете во просторија исполнета со позитивно расположение која ќе ја направите сами.
3. Секогаш танцувајте
Постои Тумблр профил кој е целосно посветен да објавување на фотки и гифови од тоа како Чендлер и Џои танцуваат во секакви ситуации. Диносауруси, планети... Не е важно дали се „глупирате“ или едноставно сте расположени за танцување секогаш можете да ги расположите пријателите со вашите уникатни движења.
4. Простувајте, дури и тогаш кога ви е тешко тоа да го направите
Никој не е совршен, дури ни вашиот најдобар и најблизок пријател. Се сеќавате кога Чендлер бакна една од сестрите на Џои? Тој најде забавен начин бргу да му прости. Истото важи и кога Џои успеа да го изгуби мебелот од нивниот стан. Најдете начин како да ги простите грешките, тоа ќе направи подобро да се чувствувате.
5. Никогаш нема да ви е досадно ако сте со пријателите
Ако имате пријатели како Џои и Чендлер мала е шансата дека некогаш ќе ви биде досадно во животот. Така е и во обратната ситуација. Мала е шансата дека некому ќе му биде досадно покрај вас, ако имате малку од Џои и Чендлер во себе.
6. Меѓу пријателите не постои такво нешто како глупост
Сакате да се возите низ дневната на керамичко куче? Слободно. Меѓу пријателите не треба да се срамите да бидете свои и да се обидувате да бидете нешто што не сте.
7. Сакајте животни, а сакајте ги и милениците на вашите пријатели
Што кога вашите пријатели ќе посакаат да чуваат патка и пиле? Подржете ги во тоа.