Двајца бербери им нудат бесплатно шишање на најсиромашните
Двајца бербери од Сао Пало им нудат бесплатно шишање на најсиромашните граѓани на овој град.
Виникус Родригез о Есдрас Гомез започнале да ги посетуваат домовите за згрижување и црквите и им ги нудат своите услуги на најсиромашните граѓани на Сао Пало, а сега започнале со отворање и на нов салон са млади.
„Немавме материјални средства за да купиме велигденски јајца за најсиромашните деца, па решивме да им дадеме нови фризури“ – објаснува Родригез. И така започнала нивната идеја минатата година за време на велигденските празници.
Покрај тоа што се грижат за оние кои немаат материјални средства, тие се познати и по нивните откачени фризури.
„Секое шишање е различно, бидејќи никогаш не размислуваме претходно околу дизајнот на косата. Некој влегува и бара специфична слика да ја има на својата глава, а на нас ни останува да размислиме како ќе ја изведеме“ – додава Родригез.