Паметните девојки ги чуваат своите тајни
Велат дека молчењето е злато, па дури и ако не верувате во тоа, премолчувањето на деталите може да има бројни придобивки.
Веројатно безброј пати сте се нашле во ситуација кога на пријателите, колегите или тотални странци им доверувате важни приватни тајни, но веќе е предоцна да се сопрете. За да не се покаете, научете да се контролирате.
Прво, повеќе задоволства ќе зачувате за себе. Интимните моменти не ги споделувајте, едноставно бидете себични. Самите ќе забележите дека повеќе ќе уживате во секој момент кој ви е само во вашето сеќавање.
На прво излегување обично се излетуваме и споделуваме премногу детали за да ја подобриме комуникацијата и да оставиме подобар впечаток, но тоа е контрапродуктивно. Останете мистериозни и интригантни. Поголемо интересирање ќе разбудите ако откривате малку по малку.
До ова правило држете се на првото излегување, склопувањето нови пријателства, запознавањето со колегите...
Ако сакате да имате целосна контрола над ситуацијата, научете да ја контролирате насоката на комуникацијата.
Кога ќе сакате нешто да раскажете, длабоко вдишете и размислете колку е тоа паметно. Кои се можните прашања кои ќе ги добиете? Која е целта или неволјата во која ќе западнете?
Молчењето ќе ви помогне да ги изострите сопствените инстинкти.
Факт е дека жените повеќе сакаат да зборуваат за она што им се случува само за да го добијат туѓото мислење. Но, не секогаш е препорачливо.
Ќе забележите дека во ситуациите кога ќе премолчите, вашиот внатрешен компас ќе биде најточен. Инстинктите никогаш нема да ве прелажат.