Какво лето ви предвидува нумерологијата?
Познато е дека нумерологијата се занимава со одредување на среќните броеви или броеви кои носат некакво значење за одредена личност, одреден ден, месец или година. Па, според тоа, нумерологијата може да ви посочи за што е погоден секој од летните месеци оваа година и како најдобро може да ги искористите.
Јуни
Месецот јуни оваа година е во знакот на бројот 5 и генерално може да донесе промени, главно на емотивен план, но само ако сте подготвени. Обидете се да останете концентрирани на својата цел и немојте премногу да сонувате. Време е да се опуштите, да се ослободите од некој товар кој го носите уште од почетокот на годината.
Јули
Месецот јули ги претставува вибрациите на бројот 6. Иако ова е месец кога повеќето одат на годишен одмор, би требало во текот на овој период малку повеќе да мислите на другите. Слушајте ја својата интуиција, особено ако сте жена. Тоа може да ви помогне во поглед на финансиската независност. Ќе бидете многу почувствителни од вообичаено, но тоа може да го искористите за да се преиспитате себе, што точно сакате и повеќе да тежнеете кон хармонија.
Август
Во текот на август 2015 година сè е во знакот на двојната осмица (8+8), така што кармички број е 16. Овој месец чувствителните би требало да се повлечат во помирно окружување, бидејќи кармичкото влијание може да биде во пораст. Во овој период не позајмувајте никому пари. Свртете се кон себе, своите проблеми, ако треба задоволете го своето его и остварете некои дамнешни желби. Енергетските вибрации на бројот 16 ќе бидат многу значајни за сите личности кои се занимаваат со астрологија и нумерологија.