10 Сигурни знаци дека стареете: Не се плашете, туку уживајте

Како што и виното со годините станува сѐ подобро, така и некои работи во нашиот живот стануваат уште подобри како што времето минува...

10-sigurni-znaci-deka-stareete-ne-se-plasete-tuku-uzivajte-001.jpg

Сите знаеме дека со годините старееме, но сепак се плашиме да го употребиме зборот „старост”.

Ако се препознаете во овие 10 знаци, тоа значи дека и вие стареете, но и дека уживате во неизбежниот процес:

1. Бројот на пријатели ви се намали од 25 на 5

Некогаш се дружевте со многу луѓе, цело време бевте на кафе и во движење. Сега најдобро се чувствувате во мирно друштво со неколку добри пријатели. Тоа е вашата мала група која најдобро ве разбира, познава и поддржува.


2. Пижамите ви најдраго парче облека

Пред 10 години не ви паѓаше на памет да седите дома во пижами и да пиете кафе со пријателите, но сега тие ви се омиленото парче облека. Викендот поминат дома во пижами ви е дефиниција за одмор.


3. Поминувате повеќе време со семејството

Некогаш без размислување ги откажувавте плановите за викенд со семејството, но сега едвај чекате да дојде недела и да одите на семеен ручек.


4. Имате повеќе самодоверба

Се чувствувате добро во сопствената кожа и се прифативте такви какви што сте, дури и со по некој вишок килограм. Знаете дека вашата вредност не се мери според килограмите или брчките околу лицето.


5. Досадните секојдневни обврски повеќе не ви пречат

Некогаш се нервиравте што моравте да плаќате сметка, да ги миете садовите или да чистите, но сега веќе овие обврски не ви пречат. Сега со задоволство водите евиденција на сите плаќања и си го организирате времето.

10-sigurni-znaci-deka-stareete-ne-se-plasete-tuku-uzivajte-002.jpg

6. Излегувањето на кафе за вас е забава

Викендите ги поминувате на кафе или на пиво со пријателите во кафуле, а потоа си одите дома полни со позитивна енергија. Одењето по кафеани и диско клубови повеќе не ви е интересно и не го гледате како забава.


7. Мора да спиете минимум 8 часа

Некогаш можевте да издржите и со 4 часа спиење, но денес никако не си го дозволувате тоа. Ако морате да станете рано, тогаш рано и си легнувате. Токму и затоа не ве привлекуваат долгите, ноќни излегувања.


8. Често ја започнувате реченицата со „Кога бевме млади...”

Од сегашна перспектива вашето детство и младост ви изгледаат многу поинакви.


9. Не го разбирате жаргонот на денешните деца

Денешниот жаргон на децата ви звучи како јапонски јазик, но тоа е во ред бидејќи некогаш и вие со вашата генерација имавте сопствен јазик.


10. Престанавте да ги броите годините

Свеќичките на тортата повеќе не ве плашат, а наместо да ги броите годините одлучивте да уживате во секој скапоцен миг. Донесовте одлука да не се грижите за ситниците и да се држите цврсто до вашите животни цели.

Би можело да ве интересира:

7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg