Сериозна врска според гаќите?
Најновите истражувања покажале дека кога мажот и препушта на девојката да го одбира неговиот долен веш тоа значи дека врската им е во многу...
...стабилна фаза. Ете знак кој покажува дека “таа е вистинската“!
Мажите сами купуваат долен веш само кога ја бараат својата идна придружничка покажуваат резултатите од британскиот трговски ланец дуќани Debenhams.
Купувањето долен веш го препуштаат на мајките до 19 години, релативно доцна, во споредба со девојките кои сами купуваат вакви производи од 13 години.
Од 19 до 23 мажите сакаат сами да си го бираат долниот веш. верувајќи дека тоа е важен предуслов за да влезат во врска.
Самосталното купување постепено паѓа со годините и со сериозноста на врската кога веќе тоа го препуштаат на својата партнерка.
Менаџерот во одделот за продажба на долен веш во Debenhams, Роб Фочеранд, заклучил дека кога мажот ќе и допушти на партнерката да го бира неговиот долен веш, тоа значи дека врската е стабилна.