Зема едно памукче и стави малку вотка. По ова видео и вие ќе ја повторите постапката
Вотката е најпродаваниот жесток пијалок во светот. Луѓето го преферираат овој пијалок бидејќи може да се пие чист, а може и да се комбинира со многу други алкохолни пијалоци. Меѓу другото е и достапен со својата цена.
Не само што е повеќенаменски во комбинациите во коктелите, може да се употребува и на многу различни начини и притоа да не се пие.
Во својата најосновна форма, вотката е составена од вода и етанол и се создава по пат на ферментација и дестилација. Дестилацијата ја прави чиста и идеална за различни употреби.
Така на пример, една алтернативна употреба на вотката е за чистење на стаклата од очилата.
Ставете малку вотка на памукче и нежно тријте ги стаклата за детално чистење на леќите. Нечистотијата и мастите веднаш се отстрануваат.
Вотката исто така е совршена за чистење на ножеви скалпели бидејќи, спречува нивно ’рѓосување. Едноставно во чаша вотка оставете ги ножевите да отстојат неколку минути.
Стар но, помалку познат трик е тоа што вотката може да се употребува за одржување на свежината на цвеќето и букетите. Доволни ви се неколку капки вотка во водата и цвеќето останува подолго време свежо и здраво.
Исто така, можете да ја употребувате и како козметичко средство за чистење на лицето, намалување на порите и одржување на сјајот на косата.
Доволни ви се неколку капки вотка во шампонот и по неколку миења ќе забележите дека вашата коса изгледа поздраво и посјајно.
Силината на алкохолот во вотката е доволна за убивање на бактериите и отстранување на миризбата од стапалата.
Ова се само дел од намените на овој жесток пијалок:
Би можело да ве интересира:





