Зошто ги лажеме децата дека ги донел штркот?

Кога децата нè прашуваат како дошле на светот, најчесто велиме дека ги донел штркот. Но, дали сте се запрашале зошто токму штркот од сите птици е тој што носи деца?

zosto-decata-gi-lazeme-deka-gi-donel-strkot-1

Штрковите се поврзуваат со семејството и бебињата со векови. Во грчката митологија штркот се поврзува со крадење на бебиња, бидејќи божицата Хера својата ривалка ја претворила во штрк, кој подоцна се обидел да го украде нејзиниот син.

Во египетската митологија, душата или уште наречена БА се претставувала како штрк, а враќањето на штркот значело враќање на душата или повторно оживување на личноста.

Во други митологии, штрковите се јавуваат како симбол на верност и моногамија, бидејќи се верува дека тие имаат една сродна душа за цел живот. Иако штрковите се симболички присутни во разни култури и митологии, се зборува дека приказната за носењето на бебињата настанала пред неколку векови во Германија.

Тоа е така бидејќи штрковите се птици кои на есен летаат кон југ и после девет месеци (колку што трае и бременоста кај жените) се враќаат во Европа. Штрковите обично се гнездат во текот на месец март и април. 

Знаете уште некој мит или верување на оваа тема?

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg