Од женски аспект: 11 причини зошто 30-тите се подобри од 20-тите
Секое доба има свои предности и маани. Често кога ќе стигнеме до некоја возраст, размислуваме како минатото ни било подобро и сакаме да се вратиме.
Но, понекогаш учиме да живееме и уживаме во моментот и годините кои ги имаме. Тогаш сфаќаме зошто некои периоди се подобри од претходните.
Една новинарка, анализирајќи се себеси и она што го научила низ животот во дваесеттите и триесеттите години, ги забележала разликите, па со 11 причини потврдува зошто 30-тите се подобри од 20-тите.
1. Не се залетувам лесно по нереални фризури
Во дваесеттите сè уште се барав во светот на модата, изгледот, па често експериментирав со фризури како холивудските ѕвезди или барем приближни. Така направив многу грешки, но сфатив дека не треба да ги повторам.
Во триесеттите веќе тоа не може да ми се случи. Не постои фризер кој ќе ме натера на некоја глупост. Знам точно што сакам и што ми одговара и не отстапувам од тоа. Немам потреба да посакувам холивудски фризури бидејќи сега знам дека зад нив стои цел тим стилисти кои јас ги немам секое утро пред огледалото.
2. Ги прифаќам и ценам родителите
Како и повеќето дваесетгодишници, би превртела очи на ваквата изјава пред десетина година. Тогаш беа „старите што сешто измислуваат“, а денес повторно се мама и тато. Уште кога забележувам дека некои мои пријатели веќе ги губат своите родители, сè повеќе го ценам секој момент поминат со нив.
3. Не реагирам како луда на работите кои не ми одговараат
Работите за кои порано се нервирав и полудував, денес ми изгледаат смешни. Во дваесеттите лесно и брзо избувнував како темпирана бомба.
Денес сум многу посмирена и знам да дишам длабоко и да размислам дека нема смисла да се нервирам за нешто неважно и моментално.
4. Имам помалку пријателки, но имаме подлабоко пријателство
Како одминуваат годините така се намалуваат пријателите. Додека во дваесеттите со сите лесно се зближувате, често се карате и смирувате, до триесеттите веќе добро се знаете.
За разлика од пред десет години сега знам кои ми се вистински пријатели и пред кои можам да бидам најискрена и најотворена. Неколку се, но вредат за сите.
Можеби не сме заедно колку што сакаме да бидеме, но ги имаме сите фази во животот поминато, сите среќни и тажни моменти, па знаеме дека сме во секое време тука една за друга, без разлика на сè.
5. Имам доволно самодоверба и не ми е грижа за мислењето на другите
Во дваесеттите ми пречеше секоја критика, се грижев многу за тоа што ќе речат другите. Во триесеттите сфатив дека не е важно што ќе кажат, туку кој ќе каже.
Можам да слушнам сечие мислење, но го прифаќам само од оние кои ги ценам. За многу работи во дваесеттите не би имала храброст да ги направам. Во триесеттите точно знам која сум и што сакам, свесна сум за своите доблести и маани, па немам проблем тоа да го покажам.
6. Научив да не ми зависи среќата од парите
Со текот на годините сфатив дека парите се само нужно зло, но не и среќа. Знам дека носат сигурност и ги решаваат основните проблеми, но не можат да те направат посреќен.
Кога подобро ќе размислам, најтажна во животот сум била кога имав најмногу пари, а најсреќна кога бев близу до банкрот.
Додека во дваесеттите верував дека најважно е добро да заработувам, сега знам дека треба да заработам само за пристоен живот.
7. Не сум насочена само на себе
Додека во дваесеттите цел свет и цел живот се врти околу моите приоритети, желби, потреби, во триесеттите, поточно откако ги родив двете деца престанав да бидам себична и да мислам само на себе, се насочив кон нив и знам дека тие ми се најважни во светот, а не желбата за нова чанта или некој концерт.
8. Искрено ги ценам различностите
Додека во дваесеттите страсно гои бранев своите политички и животни ставови пред оние кои размислуваа различно и сакајќи да покажам дека не се согласувам со нив, денес во триесеттите сметам дека беше прилично незрело.
Со текот на вреето научив да ги ценам различностите без разлика во каков облик доаѓаат и дали се согласувам со нив.
9. Ги сакам советите на постарите луѓе
Кога имав дваесет години бев уверена дека сум најпаметна, особено по завршувањето на факултетот и сметав дека нема кој што да ми кажува. Не сакав никого да слушам.
Сега жалам што не сум научила повеќе од постарите колеги и од луѓето кои имале добри совети.
10. Знам дека не сум секогаш во право
Додека во дваесеттите енергично се карав со момчето за секоја ситница додека не докажам дека јас сум во право, денес покрај сопругот сфаќам дека некои работи навистина не се важни дека не морам за секоја ситница да бидам во право. Некогаш е добро и да се премолчи.
11. Сакам да поминувам и време сама со себе
Некогаш имав постојана потреба од друштво и не можев да замислам да бидам сама со себе Денес уживам во моментите кои си ги посветувам иако се ретки. Во дваесеттите ми беше незамисливо да седнам сама на кафе, а во триесеттите тоа ми е сосем нормално да го направам повремено.