Јаготките како тема и декорација за летните венчавки (фото)
Кога се работи за декорациите на венчавката и темата која ќе ја одберете, само небото е граница.
Изборот на декорациите треба да ги прикаже младенците онакви какви што се - едноставни, класични или гламурнозни, а јаготките како тема на украсување најдобро ги спојува овие карактеристики.
Со оглед на тоа што сега е сезона на летните венчавки, наместо да се одлучите за веќе видените морнарски теми или пастелни декорации, одберете го најсочното овошје.
Користете го како апликација за поканите, бидермаерот нека ви биде мешавина од цветови и јаготки, а тортата нека биде опсипана со нив.
На масата можете да ставите замрзнати јаготки за во вино и шампањ или пак во сечија чинија да ставите јагода на која ќе има знаменце со испишано име на гостинот.
На идеите им нема крај, треба само да ја одберете онаа која ќе ви го привлече окото: