Говор на телото: Моќни пози со кои ќе го добиете тоа што го посакувате

Додека разговарате со некоја личност неопходно е да се придржувате до неколку клучни пози на телото кои суптилно ќе направат да изгледате како моќна личност која е полна со самодоверба и сигурна во тоа што го збори.

govor-na-teloto-mokjni-pozi-so-koi-kje-dobiete-toa-shto-go-posakuvate-01.jpg

Практикувајте секогаш да стоите исправено или да се движите низ просторијата додека постојано одржувате контакт со очите на другата личност, но никогаш не застанувајте преблиску до неа.

Придржувајте се до овие правила за положба на телото и ќе успеете да добиете се што посакувате од личноста со која разговарате.


1. Насмејте се и подигнете ги веѓите

Кога сакате да започнете разговор и да ја поздравите личноста најдобро е тоа да го сторите со насмевка и да ги подигнете веѓите. Таквиот изглед при поздравувањето кај личноста ќе разбуди чувство на сигурност и пријатност. На овој суптилен изглед на лицето научени сме уште од мали нозе да одговараме со позитивен став. Уште како бебиња нашите мајки ни се насмевнуваат и не опуштаат.


2. Соберете ги прстите

Можете да поттикнете чувство дека сте моќна личност на тој начин што рацете ќе ги поставите пред себе и дланките поставете ги во положба како да држите топка. Потребно е врвовите на прстите да ви се допираат. Покрај положбата на рацете, внимавајте и на положбата на вашите нозе. Потребно е да бидат исправени за да направат да изгледате повисоко.


3. Држете се на доволно растојание од личноста со која разговарате

Никој не сака да разговара со личност која му е прилепена за лицето, односно која стои преблизу и создава чувство на непријатност. Личноста на другата страна не може да се концентрира на тоа што зборува. Држете се на доволно одвоено растојание и не стојте право пред личноста туку секогаш бидете под мал агол од нејзиното лице. На тој начин и покажувате дека со вас може да разговара како со еднаква личност.


4. Станете и движете се

Сакате да изгледате моќно? Потребно е да заземете и да искористите поголем простор. Распространете се на местото на кое седите или уште подобро станете и почнете да се движите. Ова е особено погодна ситуација кога сте на состанок и забележувате дека некој од вашите колеги ве провоцира или потценува. На тој начин покажувате дека работите ги држите вие под контрола.

govor-na-teloto-mokjni-pozi-so-koi-kje-dobiete-toa-shto-go-posakuvate-1.jpg

5. Користете ги рацете додека зборувате

Движењето на рацете прави да изгледаме како да сме полни со самодоверба и потполно сигурно во тоа што го збориме. Рацете во движење се секогаш добар знак за опуштеност и сигурност. Додека разговарате со некого испружете ги рацете како да му давате парче хартија и потоа вратете ги назад кон себе.


6. Распоредете ја тежината на двете нозе

Кога се чувствувате непријатно најчеста несвесна реакција е да застанете навалени на едната нога и тежината на телото да ви биде нерамномерно распоредена. Доколку сакате да оставите впечаток на силна личност која знае што точно сака внимавајте нозете да ви бидат исправени и тежината од телото еднакво распределена и на двете. Покрај тоа што ќе изгледате добро и ќе се чувствувате подобро и посигурно.


7. Одржувајте контакт со очите

Избегнувањето на контакт со очите кај другата личност дава впечаток дека зборува со личност која е несигурна, недостапна и срамежлива. Во најлош случај ќе изгледате како да ви е досадно и како да не сте расположени да зборувате. Контактот со очите е клучен показател за вашата веродостојност. Држете постојан поглед во очите на другата личност барем 5 секунди, а потоа можете малку да го насочите погледот на друга страна и повторно да се вратите на очите на личноста со која зборувате.

govor-na-teloto-mokjni-pozi-so-koi-kje-dobiete-toa-shto-go-posakuvate-2.jpg

8. Држете ги рацете на колковите

Покрај тоа што од време навреме ќе ги држите рацете исправено кон личноста со која зборувате, потребно е и да ги поставувате на вашите колкови. Овој став ќе ви помогне во намалувањето на кортизолот, ќе ве смири и ќе направи да изгледате моќно.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg