Одлучи се да успееш, бидејќи животот ќе одлучи да пропаднеш!

Доколку една работа ја направиш еднаш, тaа е одлука. Доколку ја направиш по втор пат, таа е навика.

odluci-se-da-uspees-bidejki-zivotot-ke-odluci-da-propadnes-01.jpg

Ова треба да го применувате во вашиот живот кога се работи за успех на било кое поле.

Доколку еднаш одлучите да успеете во нешто и го направите тоа значи дека сте способни истото да го направите повторно, односно да ви премине во навика.

А навиката да бидеш успешен во сè што правиш и не е така лоша, нели?

Но, за да го постигнете тоа потребно е прво да одлучите дека сакате да успеете и дека вие сте тој/таа кој/а ќе го промени светот на свој начин.

Вие треба да одлучите да не пропаднете како многу луѓе во светот кои пропаѓаат без да знаат дека тоа е нивна сопствена одлука.

Затоа уште денес доколку се двоумите да направите нешто кое срцето, душата и инстинктот ви го кажуваат дека е она правилното, а мозокот ви кажува да размислите два пати, вие не размислувајте два пати, туку два пати направете го тоа што го сакате.

Така истото ќе премине во навика, а вашиот мозок ќе сфати дека згрешил и понатаму ќе ве поддржува во сè што сакате да направите.

Лесно е да се откажете од вашата мисија на овој свет, но тешко е да верувате дека истата постои и вие сте родени токму за да ја остварите на ваш уникатен начин.

Само вие и никој друг, запомнете го тоа!

Донесувајте правилни одлуки врз основа на вашите чувства и инстинкти, наместо на вашето размислување и двоумење, бидејќи овие вторите се погрешни.

Oние првите се одлуките кои ќе ви го променат животот кон подобро, вие ќе бидете успешни, бидејќи едноставно сте одлучиле тоа да биде така.

Не сте одлучиле да пропаднете во сопствената замка, туку сте одлучиле да успеете во сопствената замисла, а таквата замисла кога ќе премине во навика ќе ви помогне да го освоите светот.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg