Навики на жените кои секогаш се добро организирани
Се восхитувате на некои жени и помислувате како успеваат да стигнат на „сите страни”? Нивната тајна се состои во тоа што овие жени имаат „систем” за сѐ.
Жените кои добро се организирани секогаш знаат која работа каде им се наоѓа во домот, дури и до најмалата ситница, умеат да управуваат со финансиите, но и без трчање да го средат домот, а потоа им останува и време за одмор.
Навиките кои ги поседуваат овие жени, можете да ги придобиете и вие:
1. Фиоки со сѐ и сешто
Ако имате една или повеќе вакви фиоки, тогаш сигурно немате никаков систем за организирање. Одвојте еден час, направете си кафе и прегледајте ги фиоките во домот. Фрлете го тоа што не ви е потребно, а откако ќе одберете што ќе задржите поставете прегради во фиоките и работите секогаш ќе ви бидат организирани.
2. Организација на облека
Кај жените кои се добро организирани, облеката секогаш им е наместена од посветлата кон потемната боја. Свилените работи на една полица, а памучните на друга. Најлесен начин да го организирате гардероберот е редовното фрлање на тоа што не сте го облекле повеќе од една година.
3. Стаклени тегли
Храната, зачините, житарките изгледаат многу подобро кога се во стаклени тегли. Освен тоа, секогаш од прв поглед ќе умеете да го најдете потребниот зачин.
4. Планирање
Ако постои работа која мора да ја завршите, направете си потсетник на календар во домот или во мобилниот. Планирајте ги тренинзите, кафињата со пријателите, состаноците и секогаш ќе бидете организирани.
5. Без одложување
Ако нешто мора да се заврши, не го оставајте за понатаму. Доколку не успеете сами да завршите, побарајте помош. Во секој случај, најдете начин да направите сѐ што сте наумиле.
6. Редовни генералки
Кога не користите некој предмет или парче облека, тогаш тоа никако не треба да ви зазема простор во домот. Тоа важи и за постелнините, пешкирите, крпите, кои повеќе не ви требаат или одамна сте ги замениле со нови, но од некоја причина уште ги имате во домот. Со редовните генерални чистења за еден месец вашиот дом ќе биде уреден и во него ќе имате само работи кои ќе ви бидат неопходни.