Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што се случува со мастиките кои ќе ги голтнеме?

Колку пати сте ја слушнале приказната „ако ја голтнете мастиката цревата ќе ви се залепат“? Колку пати само вашите родители ви ја кажале додека бевте деца? Но, и колку навистина е точна?

sto-se-slucuva-so-mastikite-koi-ke-gi-goltneme-01.jpg

Сигурно до сега ви се случило повеќе од еднаш да проголтате мастика, намерно или не, па цревата и желудникот не ви се залепиле. Еве ја вистината за оваа тема...

Точно е дека секоја гума за џвакање содржи смола, восок, масти и емулгатори кои не се лесни за варење, но желудникот на човекот секојдневно консумира одредена количина храна која тешко се вари. Токму затоа, мастиките не се ништо необично или опасно по живот.

Во моментот кога ќе ја голтнете мастиката нејзините делови кои не може желудникот да ги свари остануваат во телото, а по одредено време, се исфрлаат од организмот.

Меѓутоа, приказните се и делумно точни ако се однесуваат за мали деца. Вистина е дека поголемиот број проголтани мастики кај дечињата може да создадат проблеми со варењето. Ова се случува многу ретко, но ако се случи, тогаш е потребна лекарска интервенција.

Сепак, ако сте возрасни нема за што да се грижите - желудникот сосема успешно ќе се избори со неа.

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg