Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


13 Работи кои ќе ги разберат само постарите сестри

Постарата сестра е одговорна, таа е водич и секогаш има обврска да се грижи околу помладата сестра или брат.

13-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-postarite-sestri-1

Навистина е прекрасно секогаш да бидете тука за некој и да гледате како расте давајќи му разни совети.

Овие знаци се јасни показатели дека сте постара сестра:

1. Помладите сестри секогаш ви ги земаат работите

Тоа е слатко, но не и кога брзате некаде, а сестра ви го облекла баш тоа што планиравте да го носите.


2. Мачење на помалите

Поголеми сте и посилни. Затоа моќта во куќата ви припаѓа само вас.


3. Играње игри

Иако не сте деца за да си играте, сепак покрај братот и сестрата лесно се навраќате во детството, уживате и се смеете.


4. Цртани филмови

Без разлика колку години имате, секогаш обожавате да му/и правите друштво додека гледа цртани.


5. Секогаш први одбирате место

Секое место на седење е ваше, без разлика дали се наоѓате во автобус, автомобил или некаде во домот. Дури и ако местото не е ваше, штом ќе кажете вие помалите мора да го отстапат.


6. Заштитници

Ако некој ја повреди вашата помала сестра или брат, ќе зажали...


7. Најмногу ваши слики и снимки

Полиците, албумите и рамките со фотографии најмногу се исполнети со ваши фотографии, а секако помалите најмногу љубоморат на тоа.


8. Кога родителите ги нема...нема лудување

Вие сте како втора мајка.


9. Ги учевте да бидат кул

Би знаеле ли тие нешто интересно и кул доколку не бевте вие?


10. Однесување на училиште или факултет

Вие бевте тие кои ги учевте како да се однесуваат на првиот училишен ден или на факултет, бидејќи не смее да се случи да ве посрамотат.


11. Прво вам ви се обраќаат

Постарите сестри се тие кои секогаш ќе ве извадат од неволја, токму и затоа помалите прво ним им ѕвонат.


12. Секогаш барате повеќе внимание

Од родителите барате да не ве занемарат, иако помалите имаат повеќе потреба од нив, но не станува збор за љубомора, туку само така сте научени бидејќи сте први.


13. Имате пријатели кои никогаш нема да ве изневерат

Секогаш ќе имате покрај себе личност која нема никогаш да ве изневери и ќе ви биде потпора во текот на животот, а секако покрај помалите браќа и сестри и вие се чувствувате млади.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg