Насмевка од милион долари
Светски познатиот нуркач Амос Нахом пливаше со голема бела ајкула во Мексико, каде ајкулата делуваше повеќе од поласкана и подготвена за...
... снимање, па таа вешто позираше, а на моменти и се насмевнуваше потсетувајќи на ликот Брус од анимираниот цртан филм "Барајќи го Немо".
Речиси на 5 метри длабочина, ајкулата не претставуваше реална опасност за Амос кој на своите авантури знае да донесе и други нуркачи со него. На неколку интернет блогови, може да се најдат податоци како нуркачката експедиција на Амос наплаќа по 5.900 долари од лице.
Она на кое се жалат поединците е фактот дека за оваа експедиција кај Гваделупе, г-дин Нахом се подготвувал само 3 дена. Ситуацијата можела да излезе од контрола и да чинела човечки живот, со толку малку време за подготовка.
За среќа на Амос и на сите нуркачи кои беа со него, ништо не излегло од контрола, бидејќи како што е познато, ајкулите се кратковидни и нападите на луѓе се ретка случаност. Наводно тие напаѓаат само тогаш кога ќе намирисаат опасност или ако се премногу гладни.
Амос Нахом е или страсен вљубеник во природата па не гледа опасност во ништо што таа го пружа или премногу е желен да заработи, па не се плаши од ништо. Како и да е, неговата храброст вреди почит, а пливањето со големите бели ајкули е дефинитивно голема атракција.