Зошто се потиме кога спиеме?
Спиењето како што веќе знаете претставува активен процес кај човекот, бидејќи тој не е во мирување целосно, неговите органи постојано работат за да го одржуваат во живот.
Во поглед на тоа сигурно на памет ни доаѓаат различни одговори на прашањето зошто се потиме додека спиеме, но не знаеме дали некој од нив е точен.
Според медицинските истражувања, потењето во сонот што доаѓа може да се случи од температурата на телото и средината во која спиеме.
Доколку температурата на телото е нормална, потење може да настане само доколку сонуваме кошмари. Доколку температурата е над нормалната, тогаш телото лачи пот за да не дехидрира.
Во спротивно доколку е под нормалната температура, телото повторно лачи пот, но овој пат за да го затопли телото.
Исто така средината влијате врз спиењето, бидејќи доколку во собата каде што спиеме температурата е повисока или пониска од 20 степени, ние ќе се испотиме во спиењето.
Но, и покрај ова постојат медицински причини поради кои може да се потиме во спиењето како што се инфекции или постојано консумирање на лекарства како инсулин или антидепресиви.
Доколку се потите постојано и потењето не престанува со менување на температурата во собата или температурата на вашето тело, тогаш обратете се на лекар и направете испитувања врз целиот организам.