Никој во светот не знае: Каков е вистинскиот вкус на пилешкото?
Каков вкус имаат полжавите? Исто како да јадеш пилешко.
Кога некој ќе те замоли да опишеш вкус на некое јадење, особено кога станува збор за некои чудни месни производи, ако не можеш да го опишеш секогаш ќе се вратиш на вкусот на старото добро пиле.
Но, вкусот на пилешкото месо не бил од секогаш поим асоциран со генеричното. Кога се променил вкусот на пилешкото?
Се започнало во изминатиот век. Така објаснува Марк Шакер авторот на книгата „The Dorito Effect“ кој надополнува дека некогаш одамна вкусот на пилешкото месо бил доста побогат за разлика од денес.
Пилето добивало сè подолги нозе, помало тело и пожолта кожа за разлика од предходниот вид. За жал никој успеал да го зачува и предходниот вид, она кое се хранело само со трева и семе кое не е преполно со хемикалии.
Во 1923 година за да се одгледа совшениот примерок од 1 килограм потребни биле 16 недели, а веќе во 1933 година потребни биле само 2 недели. И сето тоа само поради стравот од појава на глад во Втората светска војна. Научникот Пирс одлучил да го видоизмени пилето и од него да се добива поголема кокошка и тоа што е можно побргу. Никој не го интересирал вкусот. Важни биле само растот и големината.
Нам ни остануваат само кажувањата и записите од оние кои ги искусиле и двата примерока. Тврдат дека ова пилешко месо во споредба со стариот исчезнат вид речиси е без вкус. А ние за секогаш ќе останеме да се запрашуваме што значи да се јаде вистински пилешки стек.