Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 работи кои може да ги научите од вашата свекрва

Секоја жена знае да не се согласува со втората љубов на нејзиниот партнер - свекрвата. Oвој феномен е сосема нормален. Секој е различен.

6-raboti-koi-moze-da-gi-naucite-od-vashata-svekrva-01

Но, постојат неколку работи кои можете да ги научите од неа.

1. Сите гледаат различно на работите

Факт е дека сите во различно светло ги гледаме работите и поинаку ги доживуваме од другите. Овој факт не само што е нормален, туку и позитивен. Тоа што не се согласувате со вашата свекрва не значи дека не можете да научите да се ставите во кожата на другите и да научите поинаку да гледате на нештата.


2. Секој сака на различен начин

Сите ние сме растеле и созревале во различни околности кои ни донеле различни искуства и начини на сакање. Како снаа можеш од прва рака да ја согледаш љубовта меѓу твојата свекрва и партнерот и да ја споредиш со онаа меѓу тебе и твојата мајка. Ќе забележиш дека љубовта постои во многу различни облици.


3. Не си сама

Твојата свекрва е извор полн со совети и мудрости. Понекогаш ова е навистина тешко да се согледа, но ако погледнеш низ нејзините очи ќе сфатиш дека во неа можеш да ги препознаеш истите грижи кои и ти ги имаш како жена и мајка. Искористи го нејзиното животно искуство.


4. Годините се само бројка

Колку и да се сака, не може да се негира фактот дека секоја жена е загрижена за својот изглед и како другите гледаат на неа. Од твојата свекрва можеш да сфатиш дека твојот надворешен изглед не е поважен од тоа како се чувствуваш внатрешно.


5. Секој може да го отвори срцето

Секој треба да научи да сака барем уште една личност. Мајката не мора да научи безгранично да ги сака своите деца затоа што тоа и оди од рака. Тешко е да се научи да се сака личност која се чини целосно далечна како по сродство така и во душа. Од својата свекрва можеш да сфатиш дека само силните жени можат да научат да сакаат.


6. Улогата на мајка никогаш не завршува

Еве уште нешто за вашата свекрва што со сигурност веќе сте го согледале. Секоја мајка сака да им го пружи најдоброто на своите деца без оглед на тоа дали имаат 5 години или 30.

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg