Апарат готви совршен доручек!
Оваа фантазија стана реалност кога јапонските дизајнери Јуриј Сузуки и Маса Кимура ја создадоа првата машина за правење на доручек. Тој...
... беше направен за време на изложбата 21 платформа во Амстердам со помош на други дизајнери, па дури и со помошта на обични посетители кои сакаа да учествуваат.
Импресивната направа може да подготви сè, од омлет да свежи сок од портокал, па дури и да намачка маргарин, џем и да сече кришки леб. Изумителот Сузуки вели дека идејата му дошла преку холивудските филмови.
Дизајнот е неверојатен, всушност е составен од различни механизми комбинирани во една поголема целина. Машината, исто така, вклучува и избор на механички уреди како што се механички часовници и касетофони.
˝ Тој е целосно автоматизиран и целата работа ја извршува сам. Тоа е прилично масивна машина широка 13 метри а долга 3 метри. Тоа се 88 часа работа со 11 денови за нејзино создавање ˝, додава Сузуки.