7 Факти за бакнувањето кои ќе ве натераат да се бакнувате почесто
Бакнувањето е активност која возбудува, го опушта човекот, ги изразува неговите чувства...
Ова многу добро го знаете за бакнувањето, но она што не го знаете се овие неколку факти кои откако ќе ги прочитате ќе ве поттикнат да се бакнувате почесто.
1. Бакнувањето согорува калории
Со бакнување од една минута согорувате од 2 до 6 калории во зависност од интензивноста на бакнежот, затоа доколку сакате да ослабнете побрзо, бакнувајте се побрзо и почесто!
2. Бакнувањето го јакне имунолошкиот систем
Посебно кај жените, бакнувањето делува како заштитник на имунолошкиот систем, особено во периодот кога жената е бремена.
3. Бакнувањето ги вежба фацијалните мускули
За да се бакнете, лицето активира 30 мускули што и не е така лесна работа, нели?
Во текот на бакнежот сите тие мускули се вежбаат и зацврстуваат со што се зацврстува и кожата на вашето лице, па затоа доколку сакате затегната кожа, само вежбајте ги тие мускули почесто.
4. Бакнувањето делува како лаксатив
Го убива стресот и ве опушта на начин на кој тоа го прави лаксативот, а освен тоа го поттикнува лачењето на хормонот за среќа, ендорфин кој веднаш го поправа расположението.
5. Бакнувањето делува како аналгин
Освен лаксатив, бакнежот го заменува и аналгинот, па доколку ве боли глава, слободно бакнувајте се додека не ви помине.
Во овој процес повторно делува ендорфинот кој освен што ќе ви го поправи расположението, ќе ја спречи секоја болка која ја чувствувате во телото.
6. Најдолгиот бакнеж во Гинисовата книга на рекорди траел 58 часа
Оваа информација е доволна мотивација да ве поттикне да го срушите рекордот и да се бакнувате почесто.
7. Бакнувањето води до секс!
А сексот исто така ослободува од стрес... овој факт сигурно веќе го знаете, но не го применувате често.
Сексот и бакнувањето во комбинација имаат многу поволности кои може да ги искористите уште денес започнувајќи со бакнеж.
Би можело да ве интересира:





