Според карактеристиките проверете дали сте бета маж

Вообичаено постојано се зборува и се пишува за алфа мажите кои се најчесто оние кои го одземаат здивот на девојките штом се појават, зрачат со самодоверба и имаат сигурен настап во секое време.

spored-karakteristikite-proverete-dali-ste-beta-maz-01

Но, тоа не е единствениот тип мажи. Постои нивна спротивност, односно бета мажи. Зависно од темпераментот на жената, на некои повеќе им одговараат ваквите мажи.

1. Како да препознаете бета маж?

- Прекрстени раце  - знак за самоодбрана

- Здрвено држење - знак за нервоза

- Поглед надолу - знак за слабост

- Чешање - нервоза и анксиозност

- Спуштени раменици - недостиг на самодоверба

- Со рацете си ги покриваат гениталиите - заштита

- Седење на работ на столчето - показател за збунетост

- Премногу трепкање - знак за анксиозност

- Допирање на лицето додека зборува - неодлучност, срамежливост и премногу размислување

- Нервозни фацијални експресии - нервоза, несигурност, страв

- Премногу смеење - вклопување во друштво, смеење на сè и сешто

- Избегнувајте контакт со очите - показател за несигурно и непријатно чувство.


2. Барање одобрување

Бета мажите постојано бараат одобрување од другите и се надеваат дека ќе бидат прифатени.

Мажот кој бара одобрување:

- Се надева дека е интересен

- Се надева дека е забавен

- Секогаш завршува со реченицата: „Што мислиш?“ или „Дали е во ред?“

- Се плаши да каже „Не“.

- Секогаш прашува за дозвола

- Секогаш брзо го трга погледот, кога некој сака негово внимание.


3. Се плаши да преземе ризик

Бета мажите премногу се плашат да преземат ризик и да излезат од својата удобна и безбедна зона. Тие автоматски размислуваат за потенцијалните последици, особено негативните.

- Остануваат засекогаш на своето прво работно место, иако не им се допаѓа.

- Никогаш не пробуваат нешто поинакво

- Не се авантуристи

- Се плашат да направат грешка

- Другите ги доживуваат како досадни

- Никогаш не ги остваруваат своите соништа


4. Следбеник

Бета мажот се плаши да донесе одлука, премногу не напнат кога води некоја конверзација и дозволува другите да одлучат, а тој да ги следи.

- Нема идентитет и свое „јас“

- Секогаш се обидува да се вклопи во трендовите

- Никогаш не одлучува

- Никогаш не дава сугестии

- Секогаш му треба лидер кој ќе го води


5. Зјапа во девојките

Бета мажот секогаш непристојно зјапа во девојките. Ги одмерува сите привлечни девојки со што го издава неговиот очај и недостиг на секс.


6. Негативност

Бета мажот има негативен став кон животот. Тешко му е да ја пронајде позитивната страна. Секогаш се жали и се дави во мали негативни проблеми и никогаш не прави ништо за да ги реши.


7. Недостиг на самодоверба

Една од главните разлики помеѓу алфа и бета мажите е недостигот на самодоверба.

- Ги објаснува сите свои акции

- Се обидува да биде перфекционист

- Има одбранбен говор на телото

- Секогаш реагира на критика

- Секогаш е загрижен за иднината

- Станува самокритичен и ретко ја гледа позитивната страна во некоја ситуација

- Несигурен е во врска со својот изглед

- Тешко донесува одлуки

- Асоцијален е и срамежлив


Дополнителни карактеристики:

- Не обрнува внимание на изгледот. Не тренира, нездраво се храни, лошо мириса.

- Секогаш има изговори за работите кои не може да ги направи

- Несигурен е и се плаши што ќе кажат другите

- Лесно станува љубоморен

- Секогаш се труди да доминира и да докаже дека е подобар од некој друг

- Лесно се лути

- Очаен е за да има девојка

- Се плаши да допре жена

Препознавате некој во овие описи?

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg