Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ако твоите соништа не те плашат, не се доволно големи!

Стравот е страшен само за оние што се плашат, а тоа ни докажува дека никогаш не треба да се плашиме од ништо, бидејќи ние одлучуваме дали истото ќе влијае врз нас или не.

ako-tvoite-sonista-ne-te-plasat-ne-se-dovolno-golemi-001.jpg

Но, понекогаш добро е да се исплашиме кога на врата ќе ни чукне оној позитивниот страв, стравот од успех, стравот од самите себеси и она што можеме да го постигнеме, стравот од нашата големина, нашите способности...

Секако не треба да дозволиме овој позитивен страв да нè зароби во нашата моментална големина и успех.

Напротив, треба да го прифатиме, да си играме со него и да дозволиме да ни ја развие фантазијата, големината и успехот уште повеќе од претходно.

Позитивниот страв се јавува најчесто кога постигнуваме некоја посакувана цел, остваруваме некој сон или пак сме се осмелиле да го направиме првиот чекор кон следење на нашата животна агенда.

Животна агенда го претставува вашиот сон кој постојано ви се јавува, тоа е вашата судбина која треба да ја исполните, секако доколку сакате, никој не ве присилува.

Вашата лична агенда со прости зборови е вашиот инстинкт и она што тој ви кажува дека е правилно да го правите.

Тоа е вашата духовна храна, секој ја има во изобилство, но не секој е сит од неа, постојат гладни луѓе кои ќе умрат без да ја вкусат.

Тие што веќе ја вкусиле знаат за што станува збор, знаат и дека овој позитивен страв им е најдобар пријател бидејќи доколку го нема, тогаш навистина треба да се плашат.

ako-tvoite-sonista-ne-te-plasat-ne-se-dovolno-golemi-2

Позитивниот страв е уништување на оној негативниот одоколу кој нè спречувал да сонуваме, да реализираме, да стануваме после паѓање, да ги следиме сопствените правила наместо наметнатите.

Позитивниот страв е оној кој се јавува кога сето ова кое негативниот нè спречувал да го направиме, се случува во границите на максимумот и над нив.

Со други зборови, сонуваме на големо, реализираме на големо, стануваме побрзо од претходно после паѓање, ги прекршуваме сопствените правила и создаваме нови.

Затоа, дрзнете се да сонувате, но сонувајте на големо, бидејќи доколку вашите соништа не ве натераат да го почувствувате овој позитивен страв, тоа значи дека не се доволно големи.

Направете ги големи и станете вие големи, бидејќи голем човек е човек кој има големи соништа, голема надеж за нивно остварување и голем план за реализација.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Бон-тон правила за прв состанок, со кои ќе оставите добар впечаток Знаете ли како културно да покажете дека сте независна девојка, без да го навред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg