Hyundai искористи 11 возила за да испрати порака во вселената

Автомобилскиот магнат Hyundai искористи 11 Genesis седани за да му помогне на едно девојче да испрати порака до нејзиниот татко. Како дел од нивната маркетинг кампања „Порака до вселената“, Hyundai се нафатиле на обврската да испратат порака до татко и на Стефани. Се прашувате која била пречката? Таткото на Стефани е астронаут кој моментално се наоѓа на Интернационалната Вселенска Станица.

Hundai iskoristi 11 vozila za da isprati poraka na astronaut

Toa што започна како обична белешка од ќерка кон нејзиниот татко астронаут, заврши како глобален емотивен рекорд.

Стефани е тринаесет годишно девојче од Хустон, Тексас. Нејзиниот татко е астронаут кој работи на Интернационалната Вселенска Станица. Поради специфичната професија, таткото и ќерката понекогаш не се гледаат со месеци.

Со помош на Hyundai, Стефани успеа да му прати на татко и рачно-напишана порака која тој ќе може да ја види од орбитата. Во улога на пенкала, тимот искористил 11 Hyundai Genesis седани опремени со најмодерна GPS опрема кои со агресивно движење на гумите успеале да ја „напишат“ пораката на Стефани иста како што била скенирана и исцртана врз огромниот простор.

Пораката е мошне едноставна но во исто време и многу моќна- „Стеф те сака“.

Hundai iskoristi 11 vozila za da isprati poraka na astronaut-1

Hyundai не го открива идентитетот на астронаутот, најверојатно бидејќи НАСА не одобрува астронаутите да учествуваат во комерцијални промоции.

Експерти од Кореа, Европа и Америка биле вклучени во извршувањето на невообичениот подвиг. Тие се согласиле дека идеална локација за пренесување на пораката е сувото езеро Деламар во Невада, Тексас.

Стефани ја напишала пораката која потоа зафатила 5.55 квадратни километри, односно простор поголем од Центал Парк во Њујорк. Оваа порака напишана во пустината е прогласена од страна на Гинисовата книга на рекорди за „најголемата слика направена со помош на автомобилски гуми“.

Hundai iskoristi 11 vozila za da isprati poraka na astronaut-4

Како дел од кампањата „Порака до вселената“, Hyundai им помага на луѓето низ целиот свет да се поврзат со нивните пријатели или семејства преку создавањето на визуелна порака, која потоа може да биде споделувана преку официјалната страна на кампањата.

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
Родителите ја изгладнувале, успеала да ги спаси 12-те браќа и сестри – Потресната приказна на инфлуе... ТикТок ѕвездата Џордан Турпин успеала да ги спаси нејзините 12 браќа и сестри од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg