Зошто Инстаграм ги забрани овие фотографии?
Социјалната мрежа Инстаграм постои од 2010 година и до денес има над 300 милиони корисници, кои секојдневно објавуваат над 70 милиони фотографии и видеа.
Но, некои фотографии се отстранети, бидејќи се оценети како несоодветни од различни причини.
Ова се дел од нив:
1. Фотографија со дамки од менструација
Оваа фотографија била дел од проектот за визуелна реторика на тема „Менструален циклус“. Фотографката Рупи Каур смета дека е неправедно направена цензурата.
2. Фотографија на која се гледаат срамни влакна
Австралиската агенција која ја поставила оваа фотографија се побунила за цензурата, сметајќи дека е направена само поради тоа што на неа се жени. Има фотографии со мажи на кои исто така им се гледаат срамните влакна под кратките шорцеви, па воопшто не се предмет на дискусија.
3. Селфи на покрупна девојка
Оваа девојка цел живот имала проблем со тежината и често била исмевана од околината. Поради тоа решила да се фотографира таква каква што е за да им даде поддршка на сличните на неа. Но, Инстаграм ја отстранил фотографијата со изговор дека изгледа вулгарно, иако секојдневно има фотографии од згодни девојки во долна облека.
4. Топлес фотографијата на Скаут Вилис
Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур откако прошетала гола низ улиците на Њујорк во знак на поддршка за кампањата #FreeTheNipple која се залага за правото на жените да шетаат топлес на улица исто како мажите, објавила своја фотографија. Истата наскоро била отстранета.
What @instagram won't let you see #FreeTheNipplepic.twitter.com/lASApy0W0S
— Scout LaRue Willis (@Scout_Willis) May 27, 2014
5. Фотографија од доење
Фотографиите од мајка која го дои детето веќе подолго време претставуваат полемика за тоа дали треба да се објавуваат во јавност или не. Инстаграм очигледно смета дека не треба кога фотографијата на Хедер Бејс на која ја дои својата ќерка е отстранета.