18 трикови за да мирисате на омилениот парфем и тоа да трае...

Најголем проблем кога се нанесуваат парфемите е како да им го задржиме мирисот колку може подолго или како правилно да го нанесеме за како и да се завртиме да оставаме мирисна трага.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-01

Некои сметаат дека скапите парфеми се клучни за мирисот да трае, но постојат некои основни правила и трикови кои може да ги примените дури и со евтините парфеми и да направите да ви траат подолго и да ги чувствувате насекаде.

1. Ако сакате парфемот да ви трае подолго, не го чувајте во бањата или на друго влажно и топло место. Светлината и топлината му штетат на квалитетот на парфемот. Најдобро е да го чувате во вашата соба или на место каде е посвежо, потемно и постудено, подалеку од прозорците.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-1.jpg


2.
Намачкајте малку вазелин на местото каде треба да ставите од парфемот, за да ви трае подолго. На тој начин повеќе се задржува парфемот, отколку ако само го прснете директно на кожата.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-2.jpg


3.
Ако имате сува кожа нанесете прво лосион за тело, па прснете од парфемот.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-3.jpg


4.
Парфемот нанесувајте го веднаш по туширањето, пред да се облечете. Вашата кожа тогаш има отворени пори и полесно го впива и задржува мирисот.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-4.jpg


5.
Не ги тријте зглобовите на рацете веднаш штом нанесете од парфемот бидејќи на тој начин побрзо ги бришете почетните ноти на мирисот и побрзо исчезнуваат. Само нежно размачкајте со прстот и задржете го мирисот.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-5.jpg


6.
Нанесете го на клучни точки, а не на целото тело. На тој начин и ќе заштедите, а ќе го постигнете и саканиот ефект. Нанесете парфем на зглобовите, на вратот, на внатрешната страна на лактите, средина под градите. Нанесете и зад колената, на листовите и зглобовите на нозете.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-6.jpg


7.
Кога не сакате премногу интензивно да мирисате на парфемот, прснете во воздухот нагоре и поминете под него. На тој начин само неколку честитки рамномерно ќе се распоредат врз вас и ќе ви дадат доволно свежина и мирис.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-7.jpg


8.
Прснете парфем со алкохол директно на косата и оставете го да се исуши, така косата ќе го задржи мирисот, а со секое вртење, ќе го ширите мирисот.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-8.jpg


9.
Може да користите и посебно освежувачи за коса кои се употребуваат помеѓу две миења на косата, за да го освежите нејзиниот мирис.

18-trikovi-za-da-mirisate-na-omileniot-parfem-i-toa-da-trae-9.jpg


Уште 9 трикови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg