18 трикови за да мирисате на омилениот парфем и тоа да трае...
10. Информирајте се добро какви парфеми ви одговараат, што треба да содржат и што ви е потребно за да знаете што да изберете кога сакате да купите некој нов парфем.
11. Последните капки од парфемот претурете ги во шишенце со лосион и измешајте. Така, нема ништо да изгубите, туку може само да го задржите мирисот на парфемот подолго на телото.
12. Креирајте сопствен парфем со тоа што ќе измешате неколку други, ќе додадете некое етерично масло и ќе добиете уникатен парфем кој со задоволство ќе го користите.
13. Ако случајно го згрешите парфемот и се прснете, а не сакате баш тој парфем да го носите, употребете влажни марамчиња со кои ќе го избришете од кожата.
14. Наместо да ја прскате раката со разни парфеми, додека одбирате и да ви се мешаат, подобро е да користите картички од хартија за да ги помирисате различните парфеми.
15. За да го почувствувате вистинскиот мирис почекајте да се исуши парфемот, пред да го помирисате. Тој ги менува мирисните ноти, па оние што остануваат откако ќе се исуши, најдолго се задржуваат.
16. Напрскајте некој релаксирачки парфем на перницата кој ќе ве опушти и ќе ви овозможи подобар сон.
17. Во чантата чувајте стапчиња за уши со памук, натопени во омилениот парфем и заштитени во пластична кеса. Многу се попрактични за во текот на денот да го освежите пределот на зглобовите или вратот, отколку да го носите цело шише парфем.
18. Фиоките и полиците каде што ја чувате облеката или пешкирите обложете ги со хартија на која претходно ќе напрскате од омилениот парфем. На тој начин, мирисот постојано ќе се шири околу нив.