Сакај го тоа што го имаш, бидејќи може да ти го земе некој друг

Тоа нивно држење за рака ме натера да ја стиснам чашата толку силно што за малку ќе се распрснеше над шанкот каде што седев во тој ирски паб, во ќошот, скриен, сакав да се релаксирам, но ништо од релаксирањето...

sakaj-go-toa-sto-go-imas-bidejki-moze-da-ti-go-zeme-nekoj-drug-001.jpg

На почеток се џарев немо во вратата кога влезе тој, нејзиниот нов дечко, ја отвори вратата за неа. Kаков глупак, јас никогаш не го правев тоa. Се сепнав кога ја видов, подобро речено се запрепастив.

Седнаа наспроти мене на шанкот и нарачаа црвено вино. Со мене никогаш не сакаше да пие црвено вино, велеше дека и правело киселини во желудникот.

Си порачав уште едно пиво, гласно довикав по шанкерот за да го привлечам нејзиното внимание, но ништо од тоа, таа не ни знаеше дека се наоѓам наспроти неа, беше целосно навлезена во неговите очи, постојано го гледаше во усните на ист начин како што ме гледаше мене кога сакаше да ме бакне пред сите, а јас не ѝ дозволував со изговор дека не е културно.

Секој нејзин допир на неговата рака ме потсетуваше на сите оние пати кога ја испуштав нејзината на бездушен начин. Ми беше сеедно. Знаев дека ме сака. Си велев нема да ме замени никогаш, но наместо тоа ме напушти како да не ме сакала никогаш!

Станала вистинска дама, браво. На себе носеше бунда со крзнени јаки над кои лежеа нејзините локни. Со мене секогаш косата ја носеше пеглана, никогаш виткана, ми кажуваше дека ќе практикува да ја носи таа фризура кога ќе сака да делува посериозно, изгледа овој е тој нејзин сериозен момент, со него.

Стана да го соблече палтото, а тој стана веднаш во истиот момент да ѝ помогне да го стави на закачалка веднаш до неговото, некогаш моето до кое самата го ставаше, немаше шанса воопшто да ми текне да го направам тој џентлменски гест за неа.

Најде некој што ќе ја сака на начин на кој што отсекогаш посакувалала. Се прашувам дали се однесува сега како мене, или си останала истата добра душа која ќе ти ја предаде безрезервно сета љубов во срцето дозволувајќи да ѝ го распарчиш, без да прсне крв.

Но, како би прснала кога претходно си ја замрзнувал со сета таа бездушност, културни навреди од типот шминката ти е премногу нападна, некултурно делуваш, мала си и слично.

Не е важно, гледајќи во чашата со пиво, де во неа, де во нив, сфаќам каде сум погрешил.

sakaj-go-toa-sto-go-imas-bidejki-moze-da-ti-go-zeme-nekoj-drug-02.jpg

Таа беше совршена, но јас не знаев да ја сакам, не знаев да ја сакам бидејќи бев кукавица. Како велат, кога еднаш ќе се изгориш на млекото, дуваш и на јогуртот.

Јас се изгорив од друга, но ја дувнав таа што ми ја лечеше изгореницата, далеку од себе, ја дувнав како глуварче.

Се расеа и повеќе никогаш не се врати во моите раце.

Ја платив сметката и му го оставив неотвореното пиво на шанкерот да го испие. Му реков дека може слободно да се послужи, јас морам да одам.

Тој ми понуди да го врати назад и да ми ги врати парите, но јас не сакав.

Му реков: „Сакај го тоа што го имаш, бидејќи може да ти го земе некој друг, а сега земи го пивото пред да се премислам и да го испијам“, му реков низ шеговита насмевка и заминав.

Таа сè уште беше изгубена во неговите очи, барајќи ја љубовта која јас никогаш не успеав да ѝ ја дадам.

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg