10 Знаци дека премногу се споредувате со другите

Сите се споредуваме со другите: со пријателите кои имаат подобра работа, со оние кои живеат во поголем стан, се споредуваме со личности за кои мислиме дека им е подобро. Но, овие споредби нема да ве однесат никаде.

10-znaci-deka-premnogu-se-sporeduvate-so-drugite-1

Споредбите создаваат страв и несигурност. Почнете да мислите дека сте таму каде што треба да бидете и никако поинаку.

Ова се најчестите знаци кои покажуваат дека премногу се споредувате со другите и доколку се препознаете, време е за промени:

1. Не се чувствувате доволно добри. Сите сме доволно добри. Откога ќе се прифатите себеси, таа мисла ќе ви стане далечна. Заборавете го егото и почнете да прифаќате.

2. Сакате повеќе материјални работи. Многу е лесно да мислите дека материјалните добра ќе ви помогнат сите проблеми да исчезнат и да се чувствувате подобро. Но, верувајте тоа нема да ве однесе никаде, а и секогаш ќе постои некој кој е на подобра позиција од вас.

3. Барате нешто друго за да се чувствувате подобро. Ништо однадвор нема да ви помогне да се чувствувате подобро. Фокусирајте се на себе и на својата внатрешност, бидејќи токму таму лежи вистинската слобода.

4. Живеете во минатото. Минатото може да ве направи депресивни и да ве натера да правите споредби, кои нема да сторат ништо подобро во вашиот живот. Затоа останете во сегашноста, бидејќи тука можете да изградите најдобра верзија од себе.

5. Сѐ ви изгледа подобро од сегашните околности. Колку повеќе се обидувате да избегате од сегашните околности за да ја потполните внатрешната празнина, толку си правите полошо на себе. Ништо не е подобро од вашите сегашни околности, бидејќи токму вие имате можност да го извлечете најдоброто од нив.

10-znaci-deka-premnogu-se-sporeduvate-so-drugite-2

6. Опсесивно се фокусирате на надворешните работи. Ова е сигурен знак дека се споредувате. На овој начин се оддалечувате од сегашноста и живеете со мислата дека нешто во иднина ќе ве направи среќни. Тоа е далеку од стварноста.

7. Бесни сте и огорчени. Колку подолго сте бесни и огорчени, толку повеќе ги повредувате другите, но и себе. Бесот може да направи да мислите дека сте моќни и дека ја држите контролата над ситуацијата, што во реалноста не е така.

8. Ги осудувате другите. Што повеќе ги осудувате другите, толку повеќе се оддалечувате од нив. Ако станете повеќе попустливи во животот тогаш имате поголема шанса да престанете да го вреднувате сето тоа што го имате овде и сега.

9. Ви недостасува благодарност. Благодарноста е магичниот клуч на среќата, а кога се споредувате тогаш мислите дека сѐ е подобро од вашите моментални околности.

10. Го исфрлате бесот врз оние кои најмногу ви значат. Кога се споредувате тогаш не сте среќни, а вашето незадоволство го префрлате на другите. Затоа и луѓето кои ги сакате често во себе ја носат оваа тежина, а штом забележите нешто вакво отстапете еден чекор назад и заблагодарете им се на најблиски што се со вас.

Би можело да ве интересира:

7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg