10 Правила кои жените би требало да ги применат во своите 20-ти
Во потрагата по совети кои ќе им овозможат добро здравје и убав изглед, жените можат да наидат на бројни информации кои им го ветуваат токму тоа. Но, не секоја информација е точна, затоа е и добро да ги знаете овие правила...
Иако не постои универзален рецепт, сепак постојат насоки кои ќе ви помогнат да имате одлично здравје и природна убавина.
Овие 10 правила мора да ги примените во 20-тите години:
1. Не заборавајте, редовното и умерено изложување на сончевата светлина е важно заради витаминот Д, кој токму на тој начин ќе го добиете, а истиот е задолжителен за здравјето на организмот.
2. Жените дневно треба да внесуваат околу 75 грама протеини, а доколку се занимавате со физичка активност тогаш внесувајте околу 85 грама. Истите можете да ги добиете од јајцата, рибите, говедското, пилешкото месо...
3. Житарици, овошје и зеленчук, риба и доволно количество на течности е клучот на исхраната, која ќе ви помогне во лекување на хормонски тешкотии.
4. Консумирајте балансирани оброци и јадете на секои 3 часа. Најдобро е веднаш после будењето да изедете порција овошје.
5. На жените со слаба физичка активност им се советува количина од 1.800 калории дневно, 2.000 за средна физичка активност, а од 2.400 до 2.800 за силна физичка активност.
6. Редовно посетувајте сауна, бидејќи таа ја поттикнува работата на крвотокот, ги чисти порите, ја зајакнува и зацврстува кожата и е добра како превенција на настинка или различни воспаленија.
7. Првите симптоми на стареењето се јавуваат помеѓу 20-тите и 30-тите години од животот. Кожата ја губи својата влага и затоа треба да започнете да користите креми против стареење, кои се соодветни на вашата возраст.
8. Јогуртот е богат со пробиотици кои го подобруваат врењето на храната, го зајакнуваат имунитетот и затоа е добро редовно да го консумирате од 3 до 5 пати дневно, а со тоа ќе го намалите и ризикот од рак на дојка.
9. Екстра девственото маслиново масло кое се нанесува директно на кожата, но и се консумира може да ви пружи заштита од промени на кожата предизвикани од процесот на стареење.
10. Смеењето го олеснува стресот и го намалува крвниот притисок. Исто така, со редовното смеење вашето тело ќе се опушти и ќе ви го подобри физичкото здравје.