Кога женските лаги се оправдани?

На лагата и се кратки нозете, па затоа жените носат високи потпетици - во некои случаеви оваа шега е вистинита, бидејќи женските лаги навистина може да бидат оправдани.

koga-zenskite-lagi-se-opravdani-1

Ова се пет случаи во кои жената може да излаже, а да не се чувствува виновно.

Сексот беше одличен!

Ова е најчестата лага кај жените која е дефинитивно оправдана кога се работи за не толку чест случај. Зарем мажите би се чувствувале подобро ако жената им каже во лице дека таа вечер сексот бил ужасен?


Не сум имала богат сексуален живот

Често мажите знаат да поставуваат прашања поврзани со минатото на жените околу сексуалниот живот, за кои бидете сигурни дека нема да ви кажат се.

Зошто би ве интересирал секој еден детаљ кој неа и оставил впечаток со бившиот во сексот, зарем нема да ви биде непријатно кога ќе дознаете сочни детали кои не сте ги очекувале?


Големината не е важна!

Трета најчеста оправдана женска лага е баш оваа! Секако дека големината е важна, но доколку вашата техника е одлична, а не сте баш надарени таму доле, таа нема да се чувствува пријатно дури и во случај кога ќе сака да ви даде комплимент.


Немам резерва, единствен си!

Секој има резерва, бидете сигурни во тоа, но не очекувајте никогаш да го слушнете ова од устата на една жена, што е повеќе од оправдано, бидејќи ниту еден маж не сака да се почувствува заменлив, а верувајте таа би можела да ве замени веднаш со некого од нејзините додворувачи за кои вие не знаете ниту дека постојат.


Твојата бивша девојка е баш згодна!

Како да не, ниту една жена колку и да е бившата згодна нема да даде искрен комплимент од срце за нејзината физичка убавина.

Жените лажат за да не ја покажат својата слабост и љубомора во тој сегмент поврзан со вашите бивши, што е сосема посоодветно отколку да предизвикаат конфликт.

Девојки, се согласувате?

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg