Ако бевме искрени, Фејсбук ќе изгледаше вака!
Веќе на сите им е преминато во навика што и да им се случува да го објават и споделат на Фејсбук. Дури некои прават многу работи само со цел за да ги објават.
Понекогаш забораваме вистински да уживаме во моментите, трудејќи се да направиме најубава фотографија или да смислиме што да напишеме.
Крајната цел на сето тоа е: „Видете сите и кажете ми дека ви се допаѓа!“
Ако бидеме искрени Фејсбук би изгледал вака:
1. Кога ќе ве запроси, момчето веднаш го фотографирате прстенот и пишувате дека сте кажале „Да“.
Но, искрено: Ја објавивте фотографијата на Фејсбук уште пред да им се јавите на најблиските, само за да соберете повеќе лајкови.
2. Кога споделувате некоја актуелна вест и ја препорачувате како многу добар текст.
Но, искрено: Не го ни прочитавте ова, но го објавивте само за да изгледате заинтересирано како другите.
3. Кога објавувате фотографија од вашето бебе и го опишувате како најубавото нешто во вашиот живот без кое не можете да си го замислите животот.
Тоа е точно, но понекогаш искрено би сакале да напишете дека не сте спиени 3 дена заради неговото плачење.
4. Кога ги објавувате резултатите од вежбањето се фалите како тоа да ви е најнормална рутина.
Ако бидете искрени, сакате на сите да им покажете дека и вие сте вежбале во денот.
5. Кога не ви е денот и сакате да му кажете на цел свет.
Всушност, сакате некој да ве праша што ви е?
6. Кога му пишувате на момчето за нешто романтично што ви се случило.
Всушност, сакате да знаат сите негови пријатели колку сте заљубени, инаку можевте и порака да му пишете.
Уште 7 искрени ситуации на Фејсбук на следната страница...