Ако бевме искрени, Фејсбук ќе изгледаше вака!
7. Кога објавувате некоја нова песна која и не ви се допаѓа многу, но над линкот пишувате дека ви е омилена.
Искрено, сакате да бидете во тренд и ако стане хит да може да се пофалите дека сте ја слушнале одамна.
8. Кога објавувате за новата работа која сте ја добиле и се фалите со фирмата или позицијата.
Искрено, тоа можевте да им го кажете на најблиските кои навистина се интересираат за вас, но вие сакавте сите да знаат, да ви честитаат или љубоморат.
9. Кога споделувате објави од вашите патувања и веднаш пишувате на тамошниот јазик.
Реално, можеби не го знаете јазикот, но таму сте и сакате да глумите Французи, Италијанци Германци...
10. Кога објавувате дека ви е смачено од Фејсбук и ќе го избришете.
Ако сте искрени веќе ќе го имавте избришано, но, всушност сакате да добиете повеќе коментари во кои ви велат да не го избришете.
11. Кога ќе добиете цвеќе од партнерот и сакате тоа да изгледа како романтично изненадување.
Реално, многу караници и препреки имавте изминатиов период, па заслуживте да ви донесе барем цвеќе. Но, далеку е од спонтано изненадување.
12. Кога се „чекирате“ некаде доцна навечер колку лудо се забавувате.
Реално, бевте само на една пијачка и веќе сте во кревет.
13. Кога ќе ви пише некој стар пријател или некој со кој и не ви се зборува во моментот, но му одговарате возбудено.
Искрено, пишувате само затоа што може да види дека веќе сте ја прочитале пораката.
Се пронајдовте во некоја ситуација?