10 бизарни факти за парите
На што се сте подготвени за голема сума на пари? Да спиете со милионери за замена за еден нивни милион? Можеби би живееле сами во пустина...
... цела една година? Помеѓу богатството и љубовта, би одбрале во џеб да ставите 10 милиони?!
На многу од овие прашања, речиси сите ќе одговориме дека би ја задржале љубовта и достоинството, а само неколку од нас ќе признаат дека условно ќе го одберат луксузот. Ако мислите дека за парите знаете скоро се' за парите, во продолжение можете да проверите дали нешто сте пропуштиле.
• Поголем број на личните фантазии се однесуваат на парите, не на сексот.
• Кога би го уживале најголемиот луксуз на светот, повеќето луѓе би одлучиле сите свои пари да ги потрошат на куќна помоѓничка и батлер.
• Парите се главна причина за брачни расправии и разводи.
• Во замена за милион долари во банка, дури 65% од американците би прифатиле да живеат сами во пустина и тоа 1 година.
• За 10 милиони евра, голем број на луѓе би ја оставиле својта фамилија и пријатели.
• За 10 милиони евра, луѓето би прифатиле да ја променат бојата на кожата и полот.
• Една од 14 лица би убиле за истата сума на пари.
• 92% од луѓето радо би одбрале да бидат богати, него среќно заљубени.
• При фрлање на паричка, луѓето три пати повеќе бираат Глава, а не Писмо.
• Ако ги подигнете вашите пари на банкомат Hitachi во Јапонија, слободно обришете се си го лицето! Парите се испрани и подложени на висока температура која ги убива бактериите.
Ако поради глобалната рецесија вашиот паричник е празен, тешете се со фактот дека вас никој нема да ве ограби, никој нема да ве убие и никој нема да им се заканува на вашите деца.