Патувал низ 37 земји за 1 фунта
Кеихи Ивсаки кој има 36 години, го започнал своето патување пред 8 години, на велосипедска тура по Јапонија, но тоа толку му се допаднало што...
... веднаш се качил на првиот траект за Јужна Кореа и пропатувал 37 различни земји на велосипед.
Во меѓувреме, во една прилика тој бил ограбен од гусари, уапсен во Индија, замалку ќе починел од гриз на бесен пес и за малку ќе се оженел во Непал.
Вкупно поминал преку 45000 км на велосипед со својот 5ти по ред велосипед. Г-дин Ивсаки вели: "За голем број на авантури, требаат пари. Но, јас наместо да се откажам од идеата за патување по светот, одлучив својот сон да го исполнам со силата на вољата и желбата. Патувам веќе 8 години и го продолжувам своето патување со парите кои ќе ги заработам изведувајќи улични трикови. Немам кредитни картички ниту чекови.
Сакав да патувам низ светот уште на мои рани 20 години, но успеав дури на 28 години. Помислив дека мојот живот може да заврши пред да успеам да го остварам мојот сон и тогаш решив да заминам.
Не сакав да летам со авион, бидејќи сакав се да осетам на сопствена кожа. Кога сум на велосипед, навистина ја чувствувам атмосферата на местото во кое се наоѓам."
Откако му здосадило да работи во сервисот за клима уреди кој припаѓал на татко му, Ивасаки тргнал од дома на 15ти април 2001 година со вкупно 160 јени (околу една фунта) во џебот.
Цела 1 година се возел низ Јапонија по што во март 2002 купил билет за Јужна Кореа во еден правец. Во мај, 2005 година ја освоил титулата "Прв јапонец кој се искачил на Монт Еверест без никакви превозни средства".
Исто така веслал од изворот на реката Ганг до морето. Тој дел од патот изнесувал 1300 км, а го преминал за 35 дена.
Моментално е во Швајцарија со намера да го искачи највисокиот европски врв Монт Блан. Потоа планира да отпатува во Африка и Јужна Америка за на крај да се врати во Јапонија преку Северна Америка.
Ивсаки се надева дека за 5 години од сега ќе успее да напише книга за своите патувања и доживувања.