Се плашите од висина или ви си се чини дека некого познавате цел живот? 4 знаци од минатиот живот
Некои ситуации си ги објаснуваме како дежаву, но докторот Брајан Вајс има поинакво толкување на следните неколку ситуации...
Дали некогаш сте се запрашале зошто толку се плашите од висина? Дали ви се случило да погледнете некој човек за прв пат, а да имате чувство дека веќе долго време се знаете?
Ова се најинтересните одговори и случки кои откриваат нешто повеќе за „минатиот живот.“
1. Имате чувство дека нешто ви е неверојатно познато, но не можете да си објасните зошто
„На пример, една моја пациентка започна да се чувствува анксиозно за време на медениот месец во Грција. Кога таа и нејзиниот сопруг тргнаа за Рим, таа потполно се смири. Кога дојде кон мене, поработевме на незиното минато и откривме дека во минатиот живот всушност била убиена во стара Грција.“
Еден од најчестите знаци кои укажуваат на минатиот живот, дефинитивно е доживувањето дежаву, односно сензацијата која ја чувствувате како веќе некој да сте запознале или нешто веќе да ви се случило.
2. Сонувате сонови кои се толку реални што не сте сигурни дали воопшто биле сон
„Имате ли сонови кои се толку јасни и одат до најситни детали? Ве водат до различни времиња? Тоа исто така може да биде сонувањето на минатиот живот. Како што напишав во својата книга, сеќавањата на минатиот живот не се секогаш сеќавања, туку тоа може да бидат и симболи, нешто што треба да го сфатиме како јасна порака,“ објаснува Брајан.
3. Во состојба сте одлично да го решите тестот по историја, а не учевте многу
„Талентите, капацитетите, работите кои не ви се допаѓаат или допаѓаат, привлечност или аверзија... сето тоа може да биде трага од минатиот живот. Ако некои луѓе или култури ве привлекуваат на посебен начин, а не ви се познати, тоа е првиот знак.“
4. Чувствувате дека некој е вашата „сродна душа“
„Често се случува да патувате низ многу различни животи и тоа со потполно истата група на души и лица. Јас тие ги нарекувам сродни души, придружници, семејство... Можеби врските се менуваат од живот во живот, но душите се исти, на пример, вашата баба може да се реинкарнира во вашата внука. Гледајќи ги работите на овој начин, ние никогаш не ги губиме оние кои ни се драги, туку само ги среќаваме подоцна на оној свет, или пак на овој заради реинкарнацијата.
Во книгата „Чуда се случуваат“ работев на многу примери на реинкарнација. Во еден случај Мишел, чија мајка починала кога таа била мала, беше многу задоволна со фактот дека тие две биле заедно уште пред средниот век. Во тоа време, биле сопруг и сопруга.“
Што од ова до сега ви се случило?