5 Зборови кои треба да ги исфрлите од вашиот речник
Најсилното оружје кое го поседуваме е токму зборот, пред кој дури и најхрабрите и најсилните се предаваат. Но, дали знаете кои зборови никако не смеете да ги употребувате?
Ако имате намера да бидете љубезни кон останатите и сакате да допринесете со мала доза на добрина во светот, тогаш внимавајте што зборувате.
Сигурно не би сакале овие зборови да бидат кон вас упатени, па затоа време е да ги исфрлите од употреба.
1. Глупав/а
Се нарекуваме себе, другите луѓе, па дури и предметите ги нарекуваме глупави доколку не го прават она што од нив го очекуваме. Елиминирањето на овој збор од употреба ви овозможува да ги прифатите работите онакви какви што се. Пред да го употребите тој збор, запрашајте се кои сте вие да судите некого или нешто?
2. Дебел/а
Ако себе или другите ги нарекувате со оваа придавка, престанете веднаш, бидејќи овој збор шири омраза. Дали сакате да допринесете љубов или омраза на светот? Ако сакате да оставите позитивен впечаток во светот, користењето на овој збор ќе го направи спротивното од вашите намери.
3. Требаше...
Ако на работите им е судено да се случат на одреден начин, тогаш ќе се случи. Ако ви беше судено да останете во врска со поранешниот партнер или партнерка, тогаш ќе останевте. Вие се наоѓате точно каде што треба да бидете, а она што го поседувате можете да го искористите за напредување. Замислувањето дека работите можеле да се случат на друг начин, само ви пречат во успешното напредување.
4. Мразам...
Ова не само што е силен збор, туку е и збор кој промовира негативност. Зошто секогаш да се фокусирате на лошите работи кои се случуваат во текот на денот, кога можете да се концентрирате на добрите?
5. Губитник
Секој има свој животен пат. Во повеќето ситуации не постојат победници и губитници, бидејќи сите нешто сме научиле од животот. Доколку некој одлучил да го живее својот живот на негов начин, што можеби вас ви изгледа бизарно, во ниеден случај не сте судија да кажувате што таа личност може да направи и на кој начин тоа да го постигне. Имајте почит и внимание кон луѓето и оставете ги да живеат онака како што тие сакаат, без етикетирање и осудување.