8 работи кои не сте ги знаеле за легендарните старки

Секоја 43-та секунда во светот се продава по еден пар старки, а голема е веројатноста додека го читате ова на нозете да имате еден пар вакви патики.

8-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-legendarnite-starki-01.jpg

Платнените патики со гумен ѓон изминативе години се толку едноставни и лесни за комбинирање, што ги носат сите без оглед на годините, полот или пригодата.

Ако и вие сте заљубени во овој удобен, а тренди модел, еве што треба да знаете:

1. Компанијата која ги произведува некогаш се викала Converse Rubber Shoe Company затоа што на почетокот изработувала гумени чизми и зимски чизми со гумен ѓон.

2. Во 1917 година компанијата одлучила дека е време за пробивање на пазарот за спортски чевли. Тогаш го смислиле моделот All Star кој требал да биде наменет за професионални спортисти, поточно првичната замисла била наменета за фудбалерите.

8-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-legendarnite-starki-05.jpg

3. Старките се така осмислени што ногата во нив може слободно да дише. За тоа заслужни се дупчињата за вентилација кои се додадени во 1932 година.

4. Во 1936 година одржан е првиот кошаркарски натпревар на Олимписките игри, каде американската кошаркарска репрезентација на теренот излегла носејќи Converse Chuck Taylor All Stars патики.

5. Во 1940-те години старките станале најпопуларните обувки за било која спортска активност, па полека прераснале и во службени обувки на американските војници кои се подготвувале за Втората светска војна.

6. На почетокот постоеле само потполно црни старки. Белите старки се нашле на пазарот дури во 1936 година, а по Втората светска војна дизајниран е моделот кој денес го носиме - платнени патики со гумен ѓон и капа на прстите. Всушност, од тогаш моделот не се променил.

7. Ниските старки кои се наречени The Oxford Chuck на полиците низ продавниците се нашле многу подоцна, поточно во 1957 година.

8-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-legendarnite-starki-03.jpg

8. Компанијата која денес ги произведува старките е всушност сопственост на Nike. Converse е продаден во 2003-та година за 850 милиони долари.

Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg