Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Топло ви е? Еве што треба да правите

Во текот на летото и неподносливите горештини, обидете се домот да го зачувате што потемен, заштитен од сончевите зраци. Никако не отворајте прозорци додека сонцето не зајде.

toplo-vi-e-eve-sto-treba-da-pravite-01.jpg

Навечер, отворете ги ширум вратите и прозорците, а струењето на воздухот подобрете го со вентилатор. Дури и ако имате клима, вентилаторот побрзо ќе ви помогне студениот воздух подобро да се распореди низ домот.

Ако немате клима - импровизирајте така што пред вентилаторот ќе ставите сад со мраз или студена вода кој ќе го забрза ладењето. Најдобро место за поставување на вентилаторот е покрај најголемиот и најслободен ѕид во собата.

Домашните апарати, дури и во мирување испуштаат топлина, па затоа исклучете ги од струја.

Во текот на топлите денови избегнувајте го непотребното греење на воздухот со запалени светла, а избегнувајте и да ја користите рерната. Уживајте во свежото овошје, зеленчукот и сладоледите.

Ако ставите тенда пред прозорците, температурата на терасата и во домот ќе се намали за барем 5 степени. За затемнување на собите најдобро е да поставите ролетни или бели венецијанери - светлото полесно се дозира, а белата боја дополнително ја одбива топлината.

Големи грејачи се сите монитори и телевизори во домот, па најпаметно би било и нив да ги исклучите во струја доколку не ги користите.

Користете и ленени чаршафи кои се двојно постудени од памучните. Добра опција се и свилените прекривки кои и овозможуваат на кожата полесно да дише.

Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg