10 важни лекции за пријателството
Кругот на пријатели постојано се менува, луѓето доаѓаат и си заминуваат, понекогаш ни недостасуваат, за потоа да запознаеме нови, подобри, поинтересни...
Едно е сигурно, од овие промени секогаш учиме нешто ново.
Некои пријателства не се вредни
Како што животот и приоритетите се менуваат, ќе сфатите дека некои луѓе едноставно повеќе не ви одговараат. Можеби сè уште премногу се забавуваат како во времето кога бевте средношколци, а можеби едноставно повеќе немате за што да зборувате.
Со текот на времето ќе имате сè помалку слободни минути, а некои луѓе не се доволно вредни за да ги потрошите токму на нив.
Доволно е со насмевка да се сетите на убавите спомени, да ги поздравите и да продолжите понатаму знаејќи дека надминувањата на некои пријателства е нормална појава.
Направете простор за луѓето кои се важни
Покрај работата, тренингот и момчето тешко е да пронајдете време за себе. Но, исто така е важно да пронајдете време за очи-во-очи средба со луѓето кои ви значат. Никогаш не се задоволувајте со еден телефонски повик.
Истовремено е и потешко и полесно да пронајдете пријатели кога сте веќе возрасни
Знаете точно кои квалитети ги сакате и не ги сакате кај пријателите, така што е потешко да ги пронајдете луѓето на кои вреди да го потрошите времето. Но, затоа што веќе знаете што сакате, побрзо ќе ги препознаете добрите пријатели кога ќе ги сретнете.
До крајот на 20-те години ќе имате малку, но добри пријатели
Факт е дека вашиот круг на пријатели со текот на годините се намалува. Некои од нив ќе се отселат и ќе биде многу тешко да го одржите контактот. Некои ќе го стават семејството на прво место, или можеби работата.
Но, оние пријатели кои ќе ви останат ќе ве натераат да разберете дека ако силно се сака - сè е возможно.
Нема подобар пријател од пријателот од детството
Тие се ваши емоционални браќа и сестри, само што не се расправате како со биолошките. Исто така никогаш нема да ви дозволат да ги заборавите глупостите кои ги направивте на одморот во прва средно.
Некои пријатели бараат поголемо внимание од други
Можеби мислевте дека една порака дневно или едно кафе во месецот ќе ви ги одржи сите пријателства, но некои луѓе вредат многу повеќе од тоа. Размислете и проценете кои пријатели си побаруваат поголемо внимание, па обидете се да воспоставите баланс.
Никогаш не си ги ризикувајте пријателите затоа што денес ви се спие 1 час повеќе или ви се излежува пред телевизорот.
Не морате да бидете пријатели со партнерите на вашите пријатели
Но, вреди да се обидете. Барем да се согласувате.
Луѓето ќе бидат ужасни кон вас, дури и по завршувањето на средно
Понекогаш дури и возрасните знаат да ве третираат лошо, колку и да мислевте дека кавгите со пријателите од средно ги оставивте зад себе. Затоа, тука важи истото правило - не се трудете премногу, само продолжете понатаму. Сега сте доволно зрели за тоа.
Ако не ви одговараат некои постапки на пријателите - разговарајте за тоа
Никогаш не било лесно да се соочите со пријателите, ниту некогаш ќе биде. Но, ако сте пасивно агресивни и молчите, си наштетувате себеси. Вашиот пријател понекогаш не знае дека ве вознемирил или го загрозил вашиот однос, па зошто отворено да не разговарате?
Разговарајте, прифатете го извинувањето и продолжете понатаму.
Вашата мајка вистински знае кој може да ви биде пријател
Веројатно од самиот почеток позрело ги гледа вашите пријатели, затоа не ги игнорирајте нејзините совети и разговори.